Овошје

За овошните кашички и за тоа како да се припремаат и кога да се почне да се даваат веќе пишувавме. Она што научивме е дека житно-овошните кашички во исхраната на доенчињата почнуваме да ги воведуваме после зеленчукот, месото и житарките.

Третиот оброк кој ќе го замени претпладневното или попладневното доење во облик на овошно-житна кашичка или овошно-млечна кашичка ќе биде идеален преоден оброк пред ручекот или вечерата.

Новите препораки не го ограничуваат овошјето во исхраната ни при воведувањето на мешана храна. Порано зборувавме дека бобичастото овошје не се нуди на доенчиња бидејќи се смета за намирница која често предизвикува алергија. Истото важеше и за кивите.

Денес експертите, врз основа на бројни испитувања утврдиле дека за жал не може да се спречи појавата на алергија ако потенцијално опасните намирници не ги воведуваме во исхраната. Затоа важи правилото прво на доенчето да понудиме варено овошје, а после неколку дена и сурово овошје од истиот вид.

Кога летото полека ги дава рацете на есента, тогаш е време кога имаме овошје во изобилство. Ако имате доенче или мало дете кое сака овошје, што поголеми количини овошје ставете во замрзнувач или направете мармалад со желатизиран шеќер. Знам, сега ќе речете дека мармаладот е концентрат на шеќер! Имате право и затоа е важно да знаете како да го употребувате мармаладот. Лажичка домашен мармалад од кајсија која со помош на желатизиран шеќер и миксер сте ја вареле само 10 минути, помешана со чаша обичен јогурт или свежа павлака, ќе биде исклучително добар оброк. Мармаладот е одличен и во млечно овесните кашички.

Во продолжение уште неколку зборови за летното овошје, првенствено за тоа што содржи.

Кајсии

Кајсиите имаат мека портокалово розеникава кожа и кашест мирисен внатрешен дел со малку сок. Татковина на кајсијата е Кина. Во Европа ја донесол Александар Велики.

Кајсиите се берат кога се потполно зрели затоа што порано обраните кајсии не можат да созреат. Ако купувате кајсии, секогаш одберете да бидат цврсти, портокалово розеви плодови, а зелените оставете ги бидејќи вкусот ќе биде непријатен. Неколку денови можеме да ги чуваме на собна температура или најмногу една недела во пластична ќеса во фрижидер.

Кајсиите содржат многу бета –каротин (антиоксиданс), минерали и витамин А. Енергетската вредност на кајсијата е мала, 1 плод (65гр.) содржи само 20 kcal/84 kJ.

Кајсиите често се сушат, како смоквите и сливите. Сушените кајсии се богат извор на железо, но често им се додава сулфур за да ја задржат портокаловата боја како свежите кајсии. Ако земате суви кајсии, подобри се оние со кафеава боја бидејќи таквите кајсии се сушени без претходно да се додаде сулфур! Но внимавајте, половина сува кајсија има иста енергетска вредност како една свежа! Кајсиите се идеални за подготовка на домашен мармалад или џем и добро ќе дојде да ја збогатат ужината на доенчето или детето во зима. Кајсиите можат и да се замрзнат, најдобро е да се извадат семките, да се преполоват, во зима можат да се употребуваат за компот или за припрема на овошни кашички.

Праски и нектарини

Праските и нектарините се сродни врсти, единствена разлика е што праските имаат влакнеста кожа, а нектарините се мазни. Татковина на праските е Кина, а на нектарините Персија, затоа некои ја нарекуваат и персиска слива. Зборот слива се употребува поради мазната кожа на нектарините.

Праските се вкусни, а нивната енергетска вредност е мала: 60kcal/250 kJ во 100 гр. За малите деца една праска ги задоволува целодневните потреби за витамин Ц, а освен тоа праските содржат и витамини А и Б. Содржат растителни влакна и одлични се за спречување на запек. Нектарините имаат нешто помала енергетска вредност (45kcal/188 kJ во 100 гр.), и се добар извор на калиум и фосфор, како и витамин А и Ц.

И праските и нектарините најдобри се свежи, неколку денови можат да се чуваат во фрижидер, а исечни на резанки издржуваат долго во замрзнувач. Во зима од нив може да се подготват освежителни компоти, но за жал при замрзнувањето губат добар дел од витамините.

Малини


Малините спаѓаат во групата на растенија кои се трновити грмушки. Добро успеваат во ладни, влажни места во Европа, Азија дури и во Аљаска. Некои видови малини кои добро успеваат во суви и топли услови се одгледуваат и во Северна Америка.

Малините се добар извор на витамин Ц, калиум, нијацин и рибофлавин, како и влакна. Имаат мала хранлива вредност, само 25kcal/105kJ во 100 гр.

За жал, хранливата вредност на малинните брзо се намалува после берење, затоа и се препорачува што побрзо да се јадат и да не се чуваат во фрижидер повеќе од два дена. Подобро е да се замрзнат, плодовите после одмрзнувањето остануваат онакви какви што биле пред замрзнувањето. Малините се мијат само ако тоа е неопходно, бидејќи обично се чисти (секако ако се употребуваат за мали деца сепак треба да се измијат, поготово ако не сте ги береле сами). Добро можат да се комбинираат со други овошја, на пример со круша или диња. Лесно издинстаните малини со својата арома и вкус ќе ја збогатат чашата со јогурт или житната кашичка. Бидејќи малините како и останатото бобичасто овошје содржат многу пектин, добри се за мармалад и желе.

Дињи

Благите дињи спаѓаат во големата фамилија на тикви, во која спаѓаат и краставиците, тиквите и тиквиците. Татковини на дињите се Африка и Азија, а во Кина се познати веќе три милениуми. Во Европа, поточно во Шпанија, донесени се од Африка, од каде подоцна се проширени и во Италија и Франција. Кристофер Колумбо ги однел со себе дури и во Америка.

Дињите содржат многу вода и имаат мала енергетска вредност, 30kcal/125kJ во 100 гр. Внатрешниот месест дел, колку е поароматичен и со портокалова боја, содржи повеќе корисен каротен (антиоксиданс).

Дињите се делат на летни кои имаат кафеаво избраздена кора и зимски кои имаат мазна, светложолта кора и блед, сочнен внатрешен дел. Најпозната врста на летна диња е канталупе (името го добила по италјанскиот град Cantalupo) и има кора во облик на кафеавкаста мрежа. Дињата е добро узреана кога кај врвот на притисок од палецот лесно се вдлабнува, но не премногу бидејќи тоа значи дека веќе почнала да скапува.

Лубеници

Лубеницата е многу поголема од дињата, а може да биде округла или овална. Најголемите лубеници имаат и по 15 кг. Лубеницата има цврста темнозелена кора со светло зелени шари, а некои видови лубеници немаат светли пруги. Аромата на внатрешниот месест дел од лубеницата е многу поблага од дињата и ако е добро изладена е вистинско освежување во топлите летни денови.

За татковина на лубеницата се смета Индија, но исто така можно е потеклото да и е од тропска Африка. Во Европа лубеницата е стигната во текот на 13 век. Во Италија се смета за симбол на маченикот Св. Ловре, заштитник на куварите. Затоа на денот на Св. Ловре на 10 aвгуст во Фиренца, секоја година се одржува фестивал на лубеници.

Класичната пругаста лубеница спаѓа во видот Тигар и има црвен по боја внатрешен месест дел. Овој вид лубеница е најароматичен. Познат е и видот златна лубеница, која има жолт месест дел и нежен вкус. А во последните години и кај нас се појави видот Sugar baby, тоа се помали лубеници, не потешки од 2-3 кг, кои имаат темнозелена кора без пруги и благо црвен внатрешен месест дел.

Како и дињите, и лубениците имаат мала енергетска вредност, 30kcal/125kJ во 100гр. Кога ќе ја понудиме на малите деца, треба внимателно да ги отстраниме семките од лубеницата за да не залетнат во дишникот.

Грозје

Грозјето е едно од најстарите видови на овошје, кое растело уште во камено време на Кавказ. Човекот уште многу рано открил дека од него може да се добие вкусен сок, кој после завршената ферментација (како вино) е повкусен. Зрната грозје растат на лози во висечки гроздови кои по боја може да бидат зелени, бледо жолти, плавкасти, лиљакови или црвени.

Грозјето е едно од најхранливите видови на овошје бидејќи содржи многу природни шеќери, калиум, железо, влакна и има двојно поголема енергетска вредност (80 kcal/335kJ во 100 гр.) од јаболката или крушите.

Што се однесува до видовите на грозје, постојат бело и црно. По начинот на употреба разликуваме трпезни и вински видови на грозје. Кај трпезните ги познаваме оние со семки и без нив. Најдобро од трпезната сорта е грозјето мускат, кое нема семки, а има големи зрна со убав мирис и вкус. Го препознаваме и по тоа што се продава безбедно завиткано во мека книга за да не го изгуби преубавиот изглед.

Рабарбара

Рабарбара е зеленчук, а не овошје и е сродник на киселецот. Од неа се јадат меснатите делови на листот, кои се сочни и кисели истовремено. Листовите на рабарбарата се отровни бидејќи содржат многу оксална киселина. Рабарбартата е прав летен зеленчук кој повеќе се јаде како овошје. Деловите кои се јадат од листовите се од зелени до лиљаково розеви, овие вториве се многу повкусни.

Татковина на рабарбара е Сибир. Спаѓа во намирници со најмала енергетска вредност, и има само 7kcal/29kJ во 100 гр.

Содржи значителна количина на калциум, калиум и витамин Б1. Рабарбарата има лаксативни својства.

Рабарбарата се употребува кај малите деца како додаток на компотот од јаболка. Ако на компотот од рабарбара додадеме малку банани, нема потреба да се додава шеќер, а вкусот на новонастанатата кашичка едноставное е божествен. Рабарбарата може да се замрзнува па да се употребува во зимско време кога е достапна помала количина на овошје и зеленчук.

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња