Овошни кашички

За овошје се сметаат сите плодови и растенија кои содржат фруктоза, односно овошен шеќер. Уште нашите предци почнале да јадат овошје поради неговиот сладок вкус. Искуството ги научило дека тоа што овошјето е поблаго е најверојатно гаранција дека плодот не е отровен. Освен фруктозата во овошјето можат да се најдат и други шеќери (глукоза, сахароза), а сите тие даваат сладок вкус и енергија. Овошјето е одличен извор и на други хранливи состојки: витамин Ц, каротеноиди, фолна киселина, антиоксиданси и нутритивни влакна.

Овошјето се воведува последно

При воведувањето на нови намирници во исхраната на доенчиња, поради својот благ вкус овошјето не е на прво место. Новите препораки укажуваат на воведување на овошјето на самиот крај, кога во исхраната на доенчето веќе сме вовеле повеќе зеленчук, месо и риба.

Се покажало дека доенчето полесно ги прифаќа вкусовите на зеленчук и другите помалку благи намирници ако со благите вкусови ги запознаеме покасно. Единствен вкус кој на свет доенчето го донесува со себе е вкусот за благо. Кога како прво јадење на доенчињата им понидиме кашичка од јаболка или згмечена банана, покасно на повеќето од нив ќе им биде голем проблем воведувањето на зеленчук. Освен тоа и периодот на исклучивото доење се продолжува до шестиот месец, а покасно најважно е да се воведе месо и риба како единствен добар извор на железо кое на доенчето во таа возраст му е неопходно. Залихите на железо во ткивото се испразнети во овој период. Кога на возраст од шест месеци би почнале да воведуваме прво овошје, тогаш зеленчукот и месото би дошле на ред во осмиот или деветиот месец. Во тој период кај доенчињата ќе се развие анемија поради недостаток на железо, а со неа и лош апетит, што уште повеќе ќе го отежни воведувањето на доплонителната исхрана.

Затоа житно-овошните кашички почнуваат да се воведуваат во исхраната на доенчето после воведувањето на зеленчукот, месото и житарките. Овошниот сок може да почнеме да го додаваме во зеленчуково –месните кашички и порано бидејќи содржи витамин Ц кој се наоѓа во сокот, а витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото. Најдобро е при тоа да се употребуваат свежо исцедени сокови кои во количина од 2 до 3 лажички ќе ги измешаме во кашичката од зеленчук, месо и компир.

Два месеци после воведувањето на доплнителната исхрана време е третиот млечен оброк да се замени со житно-овошна кашичка и детето навистина да го запознае овошјето. Бидејќи овошјето е сиромашно со протеини, а и житариците содржат само мала количина на протеини, житно-овошните кашички може да биде само дополнување на другите оброци кои се богати со протеини. Но затоа, житно-овошните кашички се богати со магнезиум, бакар, цинк, како и витамини Б6 и Ц. Ако на житно-овошните кашички додадеме уште и кашичка од свежо сирење или обичен јогурт, оброкот веќе станува збогатен со протеини.

Овесни снегулки со кајсии

  • 20 гр овесни снегулки
  • 90 мл вода
  • 100 гр кајсии
  • 5 гр масло од репка

Подготовка:

Овесните снегулки сварете ги во вода, а свежите и зрели кајсии згмечете ги или насецкајте ги и измешајте ги со варените и малку оладени снегулки. Во кашичката додадете уште лажичка масло од маслинова репа и понудете му ја на детето. Кога прв пат детето го запознавате со вкусот на кајсиите, тие нека бидат убаво сварени.

Круша со пченичен гриз

  • 15 гр пченичен гриз
  • 100 мл вода
  • 100 гр олупени круши
  • 15 мл сок од рибизли
  • 5 гр масло од репка

Подготовка:

Олупете ги крушките, исечете ги на парчиња и проварете ги малку да се омекнат. Парчињата од круши извадете ги од водата и згмечете ги, а во остатокот од водата сварете пченичен гриз. Кога гризот малку ќе се олади, измешајте ја кашичката од круши, сок од рибизли и лажичка масло и послужете му ја на детето.

Ориз со банани и авокадо

  • 20 гр ориз
  • 60 гр банани
  • 30 гр авокадо
  • 15 мл сок од портокал

Подготовка:

Сварете го оризот во вода. Зрелата банана и авокадото згмечете ги со вилушка и додадете го оризот кога малку ќе се олади. Можете исто така да додадете и лажица свежо исцеден сок од портокал.

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња