Житарки во исхраната на децата

житарките се еден од најдобрите извори на лесна и брзо достапна енергија. Ако се потсетиме на пирамидата за правилна исхрана, житарките ја сочинуваат основата на урамнотежена исхрана.

Кога зборуваме за исхрана на доенче и нашата култура, житарките, заедно со овошјето и зеленчукот, се почесто се прв избор при воведување на нови намирници во исхраната на детето. Почетниот период на воведувањето на цврсти намирници во исхраната на доенчето се поклопува со фазата на забрзан раст и развој. Поради зголемените енергетски и нутритивни потреби како и неможноста за внесување на голема количина на храна, оброците во овој период мора да бидат со адекватна нутритивна густина, а кај бебињата кои се повеќе активно се движат тоа ќе го овозможат житните кашички.

За да добиеме јасна слика и точна информација, Светската здравствена организација (WHO) во 2006 година спровела мултицентрично испитување вклучувајќи ги земјите од целиот свет, во кое преку прашалник за исхрана, го утврдиле начинот на дохрана и исхрана кај децата од различни етнички групи и култури. Резултатите од испитувањето утврдиле дека житариките се најчеста група на намирници со кои се започнува дохраната.

Бидејќи последниве години се појавуваат се поголем број на деца кои имаат целијакија (неподносливост на организмот на глутен), кај воведувањето на житарките во исхраната на детето, често се поставува прашањето кога и кои житарки да се одберат.

Новите испитувања дадоа препораки: првиот избор да биде резервиран за оние житарки кои не содржат белковини, глутен, а тоа најчесто се ориз, пченка и просо. Поради можноста за спречување на појавата на целијачна болест, поранешните испитувања укажуваа на тоа што покасно да се воведуваат намирници кои содржат глутен, првенствено пченичен снегулки, пченичен гриз, потоа овесни снегулки, јачменови и оризови снегулки. Меѓутоа, со најновите студии и анализи, се смета дека за тоа нема потреба. Имено, претераното одложување, е исто како и прераното воведување на глутенските извори во дохраната на детето. Ова може да има лоши последици на здравјето на детето и да го зголеми ризикот за развој на глутенска ентеропатија, односно целијакија.

Во САД е спроведено проспективно опсервациско испитување познато како “DAISY“, и утврдено е дека со воведувањето на глутенските намирници во првите три месеци од животот, исто како и со нивното одложување (после седмиот месец од животот), значајно се зголемува ризикот од појавување на целијакија наспроти воведувањето на пченица, јачмен, ориз и овес во периодот помеѓу четвртиот и шестиот месец. Тој став го поддржала и Европската агенција за безбедност на храна (ЕFSA), која на основа на прегледаните статии и метаанализи во долгиот испитувачки период (1966-2004), укажува дека континуираното доење во текот и после воведувањето на глутен е клучен фактор за намалување на ризикот за развој на целијакија и дијабетес тип 1 кај деца. Тоа е и став на ESPGHAN-oвата комисија која ја дава препораката за дохрана на доенчиња; во неа се наведува дека постепеното воведување на мали количини на глутен, покрај доењето, не пред четвртиот, но ни покасно од седмиот месец, е најдобриот начин за намалување на ризикот за развој на целијакија, дијабетес тип 1 и алергија на пченица, јачмен, ориз и овес.

Интегралните житарки се извор на нутритивни влакна

Како и кај возрасните, така и во Детска возраст после првата година од животот се препорачуваат разновидни житарки. На тој начин исхраната на детето се збогатува со дополнителни нутриенти: јаглехидрати, растителни белковини и минерали кои се наоѓаат во интегралните житарки. Тие се општо познати како богат извор на нутритивни влакна, за кои добро се знае дека се клучен фактор за регулација на варењето на храната и добар извор на витамини од Б-групата. Токму поради тоа, USDA во своите нови препораки за правилен начин на исхрана, MyPlate, интегралните житарки ги препорачува како четвртина тањир, односно вообичаен оброк, што и понатаму ја сочинува основната урамнотежена и разновидна исхрана.

Покрај житарки како што се пченката, оризот, јачменот, ржта, овесот и просото кои вообичаено се користат во исхраната кај нас, се попопуларни стануваат и оние житарки кои се помалку познати како: хељда, амарант и киноа кои спаѓаат во групата на псевдожитарки, а од нутритивно гледиште се поинтересни поради својот аминокиселински состав и богата содржина со микронутритиенти.

По потекло од Азија, хељдата најчесто се употребува во современите земји во Европа. Тие триаголни семки се одличен извор на дури осум есенцијални аминокиселини, влакна, минерали како што се манган и магнезиум, а мелени, или варени, во комбинација со пченкарен гриз прават многу хранлива и енергетски богата житна кашичка. Сепак, треба да се внимава. Бидејќи забележани се случаи на алергиски реакции настанати со употребата на хељда, се препорачува, посебно кај деца кои имаат алергија, таа внимателно да се воведува во исхраната.

Амарант, светата билка на античките Грци, во исхраната на детето е лесно сварлив извор на белковини. Интересно е тоа што амарантот има изразено богата содржина на калциум и железо, поради што, успешно се комбинира со житарки (ориз) , и зеленолистен зеленчук како блитва и спанаќ со што се добива многу хранлив оброк за доенчето.

Содржината на влакна е карактеристична за сите, и за оние "правите", но и за оние "лажните‘" житарки. Кога зборуваме за киноа, важна е содржината на влакната растворливи во вода, кои обично ги има во овошјето и зеленчукот. Токму поради тоа, киноата се препорачува во исхраната и се советува да се користи во подготовка на детските кашички за регулација на столицата, кои го олесуваат празнењето на цревата. Освен што ќе го олесни празнењето на цревата, ваквиот оброк со киноа е добар извор на белковини, витамини Е и Б2.

Иако житарките се основа на правилната исхрана, без разлика на тоа дали станува збор за житарки или псевдожитарки, нивната хранлива вредност не е задоволителна за правилен раст и развој на детето, па затоа за да се постигне урамнотеженост и разнвидност потребно е да се комбинираат со останатите групи на намирници.

Нутритивно богатите и енергетско задоволителни оброци, покрај овошје, зеленчук и основни извори на белковини, наместо досаден и вообичаен прилог, можат да содржат и разни видови на житарки и нивни производи.

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња