Што е оштетување на невралната цевка и како може да се спречи?

Грижата за вашето бебе започнува многу порано пред да пристигне во породилното одделение. За време на планирањето на бременоста или веднаш по позитивниот тест за бременост, исклучително е важно да се грижите за сопственото здравје и здравјето на фетусот. Една од најважните хранливи материи во оваа фаза е фолната киселина. Дознајте зошто.

Фолната киселина има важна улога во раната бременост. (1) Го поддржува развојот на невралната цевка – делот од фетусот што подоцна се развива во мозокот, ‘рбетниот мозок и черепот на детето.

Нервната цевка е целосно развиена помеѓу 21-от и 28-от ден по зачнувањето. (1 -3)

Ако невралната цевка не се затвори правилно во матката, мозокот или ‘рбетниот мозок во развој може да бидат изложени на плодовата вода (амнионската течност што го штити фетусот додека расте). Оваа празнина во ‘рбетот се нарекува и отворен дефект на невралната цевка.

Двата најчести типа на ова нарушување се аненцефалија и спина бифида – во првиот случај, горниот дел од невралната цевка не се затвора, а во вториот случај, долниот дел.

Оштетувања на невралната цевка се јавуваат кај приближно 300.000 бебиња ширум светот секоја година. (5) Повеќето бебиња родени со спина бифида преживуваат , но може да имаат голем број здравствени проблеми подоцна во животот, вклучувајќи губење на контролата на мочниот меур или парализа на нозете. За жал, аненцефалијата е фатална.

Постојат неколку фактори кои можат да го зголемат ризикот од оштетување на невралната цевка (6):

  • оштетување на невралната цевка кај вас или кај таткото на детето,
  • семејна историја на оштетувања на невралната цевка,
  • претходна бременост во која детето имало оштетување на невралната цевка,
  • дијабетес,
  • земање антиретровирусни лекови за ХИВ,
  • земање антиепилептични лекови.
Djevojčica grli trbuh svoje trudne majke

Моќта на фолната киселина

Бројни студии покажуваат дека фолната киселина може да спречи помеѓу 50 и 70% од оштетувањето на невралната цевка. (7-9) Затоа лекарите и здравствените организации ширум светот ги поттикнуваат жените да додадат фолна киселина во нивната исхрана – не само во првите недели од бременоста, туку и за време на планирањето на бременоста. (10, 11)

Општото правило е да се започне со земање на фолна киселина три месеци пред зачнувањето. Во моментот кога ќе забремените, фетусот веќе формира важни клетки кои се неопходни за развој на мозокот и ‘рбетниот мозок. Затоа, во тој период е неопходен соодветен додаток на фолна киселина.

Особено препорачуваме земање активна фолна киселина, која телото не треба да ја претвора во активна форма, туку може веднаш целосно да се користи.

*Земањето на додатоци во исхраната со фолна киселина го зголемува нивото на фолати кај трудници. Ниското ниво на фолати во текот на бременоста е фактор на ризик за појава на оштетувања на невралната цевка за време на развојот на фетусот.

Извори:

  1. https://www.who.int/elena/titles/folate_periconceptional/en/
  2. https://academic.oup.com/ajcn/article/85/1/285S/4649476
  3. https://bmcpregnancychildbirth.biomedcentral.com/articles/10.1186/s12884-021-03848-9
  4. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3279093/
  5. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4827875/
  6. https://www.nhs.uk/medicines/folic-acid/#pregnancy-and-breastfeeding
  7. http://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PII0140-6736(91)90133-A/abstract
  8. https://www.who.int/bulletin/volumes/94/1/14-151365/en/
  9. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4486472/
  10. https://www.cdc.gov/ncbddd/folicacid/about.html
  11. https://jamanetwork.com/journals/jama/fullarticle/2596295

Прочитај повеќе

Група експерти подготви бројни теми во кои одговараат на најчесто поставените прашања за зачнување, бременост и почетниот период од мајчинството.

Придружи се во Novalac клубот

Со зачленување во Novalac клубот добивате:

  • E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
  • Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
  • Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.