Novalac AC млечната формула е прилагодена за доенчиња со грчеви од раѓање до 12 месеци ако мајките не ги дојат. Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната исхрана.
Колики
За стомачните грчеви, односно колики е карактеристичен неутешен плач на доенчето кој вообичаено се јавува повеќе последователни дена, во ист период (најчесто попладне и навечер). Доенчето не може да се смири, лицето му поцрвенува, се напнува и ги витка нозете кон стомакот. Причината може да биде недостаток на ензимот лактаза во тенкото црево. Бидејќи во тој случај дел од лактозата останува необработен и ферментира во тенкото црево при што се создава надуеност и гасови. Ако во организмот се внесе поголема количина лактоза која доенчето не може во целост да ја обработи во цревата, се зголемува создавањето на надуеност и гасови, и тоа се манифестира како непријатни грчеви, односно колики.
Novalac AC e единствена почетна млечна формула прилагодена за доенчиња со колики, со намалена содржина на лактоза која одговара на дигестивниот капацитет на тенкото црево со што се намалува создавањето на гасови и надуеност.
Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња: збогатена e со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.
Novalac AC е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AС:
Возраст (месеци) |
0 |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 + |
Телесна тежина (кг) |
4 |
5 |
6 |
6,5 |
7 |
7,5 |
> 7,5 |
Број на оброци/ден |
6–7 |
5 |
5 |
5 |
4 |
4 |
3* |
Број на мерици за подготвување на еден оброк |
4 |
4 |
5 |
6 |
7 |
7 |
7 |
Количина вода (мл) |
120 |
120 |
150 |
180 |
210 |
210 |
210 |
До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac АC.
Една доза растворете во 30 мл вода.
* како дел од разновидната исхрана
Алергени
Обезмастено млеко
Соин лецитин
Лактоза
Млечни протеини