Ве молиме прочитајте го известувањето
Мајчиното млеко е најдобра храна за доенчиња која воедно е прилагодена на нивните потреби. Често се случува доењето да биде проблем и покрај трудот и истрајноста на мајките или мора да се прекине поради болест, односно количината на мајчино млеко не ја задоволува потребата на доенчето. Во тој случај најдобра замена за доење е употребата на адаптирано млеко кое ги содржи сите хранливи состојки кои се потребни за здрав раст и развој на детето. Млечните формули Novalac употребувајте го откако ќе се советувате со стручни лица од областа на медицината, фармацијата или со други стручни лица кои се одговорни за грижата на мајката и детето. Со кликнување на копчето за продолжување ќе ви бидат достапни информации за адаптираното млеко Novalac. Ако се согласувате да продолжите прифатете интернет страната Novalac.mk да ве информира за адаптираното млеко за доенчиња, по ваша желба.
- Предности
- Упатство за употреба
- Состав
- Предупредување
Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната исхрана. Количината на лактоза е прилагодена на потребите на доенчето, со што се намалува формирањето на гасови во тенкото црево, се спречува појавата на грчеви и се намалува фреквенцијата и времетраењето на плачењето на бебето.
Колики
За стомачните грчеви, односно колики, е карактеристичен неутешен плач на доенчето кој вообичаено се јавува повеќе последователни дена, во ист период (најчесто попладне и навечер). Доенчето не може да се смири, лицето му поцрвенува, се напнува и ги витка нозете кон стомакот. Причината може да биде недостаток на ензимот лактаза, ензим кој ја метаболизира лактозата (млечен шеќер) во тенкото црево. Бидејќи во тој случај дел од лактозата останува необработена и ферментира во тенкото црево при што се создава надуеност и гасови. Ако во организмот се внесе поголема количина лактоза која доенчето не може во целост да ја обработи во цревата, се зголемува создавањето на надуеност и гасови, што се манифестира како непријатни грчеви, односно колики.
Novalac AC е единствена почетна формула прилагодена за доенчиња со грчеви. Има намалена содржина на лактоза, која одговара на дигестивниот капацитет на тенкото црево и затоа спречува формирање гасови и надуеност.
Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата: збогатена e со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.
Novalac AC е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет. По дванаесеттиот месец советуваме премин на млечна формула за мали деца Novalac 3.
Млечната формула Novalac е клинички докажано ефикасна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), ниту глутен.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AC:
| Возраст на бебето (месеци) | 0-1 | 1-2 | 2-4 | 4-6 | 6-12 | 12-36 |
|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на оброци дневно | 6 | 5 | 5 | 4 | 3* | 2* |
| Број на дозерки за подготовка на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 | 7 | 8 |
| Количина на вода (мл) | 90 | 120 | 150 | 210 | 210 | 240 |
* како дел од разновидната исхрана
До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac АC.
Една доза растворете во 30 ml вода.
Подготовка
- Пред подготовка на секој оброк измијте ги рацете.
- Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Водата нека врие барем пет минути.
- Водата за подготовка на оброкот нека врие во покриен сад. Оставете да врие најмалку пет минути.
- Изладете ја водата во садот до 40 °C и ставете ја во Шишенцето.
- Со помош на приложениот дозер, истурете го пропишаниот број на мерни дози во шишето.
- Затворете го шишето и добро протресете за да се раствори прашокот целосно.
- Изладете го подготвениот оброк до 37 °C, односно додека на кожата не чувствувате ниту ладно ниту топло.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Состав на млечна формула Novalac AC
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивната што пооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај, ве уверуваме дека сите Novalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac. Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Мајчиното млеко е најдобрата храна за бебињата. Млечните формули се применуваат само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната, или друг професионалец одговорен за грижата за мајката и детето. Посебно внимание при употребата на млечната храна Novalac e потребно кај доенчиња со ослабен имунитет, предвремено родени бебиња или новороденчиња со мала тежина и кај оние со алергиска реакција на млечни протеини. Неправилната подготовка или складирање може да бидат опасни по здравјето. Кога го храните бебето со шише, водете грижа контактот помеѓу млекото и забите да не е предолг или премногу чест бидејќи тоа ја зголемува можноста за кариес. Секогаш мијте ги забите на вашето дете по последниот ноќен оброк.
Секогаш подготвувајте свеж оброк. Да се чува на суво и ладно место, заштитено од светлина. Производот може да се користи најмалку до датумот означен на дното на лименката. По отворањето на лименката за прв пат, содржината искористете ја во рок од три недели. Цврсто затворете ја лименката по секоја употреба. Не чувајте подготвен а неиспиен оброк. Фрлете го остатокот.
Поврзани производи
Novalac Allernova AR
400 g
Бремените жени за Novalac AC
Едукативни содржини

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.