Ефектот на царски рез врз мајката и детето
Царскиот рез е се почест начин на породување. Ова на мајката и бебето влијае на различни начини, а најчест проблем е бавното заздравување на мајката после породувањето.
За бремените жени кај кои цела бременост била во ред и кои сакале да се породат по природен пат, царскиот рез може да биде големо разочарување. Меѓутоа, акушерите се определуваат за царски рез со одредена медицинска причина. Најважно е на крајот да се двајцата здрави, и мајката и новороденчето.
Најголема разлика помеѓу вагиналното породување и она со царски рез е тоа што новороденчето родено со царски рез не доаѓа во контакт со вагиналната микрофлора на мајката. Новороденчето родено со царски рез има друга цревна микрофлора и незрел имунолошки систем. Затоа може да имаат често инфекции, проблем со варењето, а можно е и појава на алергии.
Доколку детето е доено, му се обезбедуваат корисни, добри бактерии и сите потребни хранливи материи за оптимален раст и развој. Доколку доењето не е можно, достапна е формула за бебиња . Таа ги содржи сите потребни хранливи материи за раст и развој на детето.

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.