Почетна > Интересно > Столица кај деца: што е нормално, а што не?

Столица кај деца: што е нормално, а што не?

Оваа тема можеби не е толку привлечна, но некој треба да Ве информира и за она што се наоѓа во детските пелени. Тоа е честа причина за појава на грижа кај родителите. Столицата кај децата може да биде со различна боја и конзистенција, па дури и искусните родители не ги доживеале сите варијации. Што сé е нормално кај новороденчиња, доени деца, деца кои се на адаптирано млеко, односно млечна формула и деца на дохрана и цврста храна?

Состав

Столицата содржи околу 75% вода. Остатокот е комбинација на мртви и живи бактерии кои помагаат во варењето на храната во цревата, протеини, отпаден материјал од храната, масти, соли и материи кои се излачуваат од цревата и црниот дроб. 

Mupuc

Со оглед на тоа од што сé се состои столицата, не е ни чудно што има непријатен мирис. Бактериската активност создава низа на соединенија и гасови кои предизвикуваат непријатен мирис. Столицата која подолго време е во цревата, има и понепријатен мирис. Изразено тежок, кисел мирис може да укажува на алергија на протеини на кравјо млеко. Генерално гледано, столицата на доенчињата кои се на мајчино млеко не смрди, а кај оние кои се на адаптирано млеко има непријатен мирис. Меѓутоа, кога се почнува со дохрана и детето доаѓа во контакт со различни извори на протеини, мирисот станува понепријатен. Ако мислите дека мирисот е многу непријатен, кажете му го тоа на педијатарот.

Боја

Доенчињата кои се исклучиво на доење дневно добиваат разни протеини, во зависност од тоа што јаде мајката. Во зависност од исхраната на мајката, се менува и бојата на столицата кај доенчето. Од друга страна, бојата на столицата се менува и кај деца кои се на адаптирана млечна формула и секој ден внесуваат иста храна. Причина за тоа е промената на цревната флора кај доенчиња (составот на бактерии кои ги населуваат цревата). Столицата кај доенчиња кои се хранат со адаптирано млеко може да биде различна, во понеделник една, во петок друга.

Конзистенција

Столицата на доенчињата може да биде тврда како путер, мека како младо сирење или течна како јогурт. Доените деца обично имаат столица со боја на сенф, зрнеста или мазна. Доенчиња кои се на адаптирано млеко имаат столица слична на пудинг. Ако доенчето има столица во форма на топчиња, најверојатно има запек. Важи општото правило – ако столицата може да се тркала, таа е претврда.

Фреквенција

Колку често бебето кака, не е толку важно како што мислат повеќето родители. После шест месеци доенчето не би требало да има повеќе од шест столици дневно, а ни помалку од една столица неделно. Сé помеѓу овие бројки е нормално. Во тој период брзината на движење на храната низ цревата се успорува. Ако храната се движи пребрзо, телото не апсорбира доволно хранливи материи. Ако храната се движи преспоро, тоа може да значи запек. Конзистенцијата (тврдоста) на столицата е поважна од тоа колку често цревата се празнат.

Со растење и промена на видот на храна се менува и столицата кај доенчиња

Новороденче

Првата столица на новороденчето е леплива, со темно зелена боја и се нарекува мекониум. Почнува да се создава уште пред породувањето. Содржи плодна вода, клетки, жолчни материи, коса..., односно сé што новороденчето проголтало додека било во матката. Иако изгледа многу непривлечно, мекониумот нема мирис. После неколку дена столицата станува потечна и со жолтеникава боја. Во првиот месец детето може да има и до десет полни пелени дневно.

2–4 месеци

Во овој период бројот на празнења на цревата е приближно четири пати на ден. Фреквенцијата на празнење на цревата обично е почеста кај доенчиња кои се на мајчино млеко за разлика од оние доенчиња кои се на адаптирано млеко. Меѓутоа, поради добро искористување на хранливите материи од мајчиното млеко и доенчињата кои се исклучиво на доење може да имаат само една столица неделно, а при тоа да немаат запек.

5–12 месеци

Кога доенчето ќе почне да јаде цврста храна, се менува и столицата. Столицата кај доените деца станува погуста, а кај оние на адаптирано млеко поретка. По воведувањето на цврста храна, обично и доенчињата кои биле исклучиво на доење и имале само една столица неделно почнуваат да имаат секој ден.

1–3 години

После првиот роденден децата веќе ја јадат секоја цврста храна, тогаш столицата станува потврда и погуста. Помеѓу 12. и 18. месеци можеби ќе приметите тн. »зеленчукови пелени«, што значи дека во столицата се наоѓаат парчиња несварен зеленчук. Причина за оваа појава е тоа што во тој период детските црева се навикнуваат на варење на поголеми парчиња зеленчук, а многу деца сеуште не ја џвакаат храната доволно добро. Со тек на време целата храна подобро ќе се вари и нема да има големи парчиња во столицата.

Што да направите ако детето има запек?

  • Ако детето е на доење, мајката треба да јаде храна со повеќе влакна (овошје и зеленчук).
  • Ако детето е на адаптирано млеко, препорачуваме да одберете специјална млечна формула која е наменета за оваа тегоба (Novalac IT). Таа содржи повеќе млечен шеќер и магнезиум, кои ја омекнуваат столицата и овозможуваат полесно празнење на цревата. Консултирајте се со педијатар.
  • Ако детето е на цврста храна, погрижете се да јаде многу овошје и зеленчук, да пие повеќе течности (најдобро вода), а избегнувајте да му давате чоколадо или чоколадни кашички, ориз и варен морков.

Кога треба да посетите педијатар?

  • Ако столицата е црна (сомневање на сварена крв од стомакот или тенкото црево), црвена столица (сомневање за крварење од дебелото црево или анусот), бела столица (проблеми со жолчката)
  • Ако детето плаче и вика од болка додека има столица
  • Aко во столицата има слуз (можеби станува збор за инфекција или интолеранција)
  • Ако столицата значително се менува по воведување на нови намирници во исхраната (можеби станува збор за алергија)
  • Ако столицата и после наполнета 1. година е многу течна или детето има пролив (течна столица повеќе од пет пати на ден)

4 фактори кои можат да ја променат столицата кај деца

Антибиотици

Детето кое употребува антибиотик може да има пролив, да го мачат гасови и надуеност. Тогаш се препорачува употреба на пробиотик ( на пр. WAYA LGG два часа пред или после земањето на антибиотикот). Истражувањата потврдиле дека пробиотикот го скратува времетраењето на проливот кој го предизвикува употребата на антибиотик.

Гастроентеритис

Децата со цревни инфекции првиот ден често повраќаат, а после тоа се потребни до две недели за да се нормализира нивното варење. Кога вирусот се населува во цревата, на добрите бактерии им треба многу време за воспоставување на првобитната рамнотежа. И во тие случаи процесот на лекување може да се забрза со употреба на пробиотици (на пр. WAYA LGG).

Патувања

На патувањата понекогаш е тешко да се обезбеди доволен внес на течности, а тоа може да предизвика запек. Водата во новите места може да содржи бактерии кои не му се познати на детскиот дигестивен систем и може да се јави пролив. Во тој случај може да се употребуваат пробиотици (на пр. WAYA LGG). Најдобро е да почнете со давање на пробиотик неколку дена пред планираното патување.

Додавање на железо

При употреба на препарати кои содржат железо (поради слабокрвност) столицата станува потемна или дури и црна, што е сосема нормално. Ако столицата е црна, а детето не употребува препарати со железо, потребно е да посетите педијатар.

Текстот е информативен и не служи за поставување на дијагнози или одредување на терапија. Во случај на било какви сомневања обратете се кај педијатарот на Вашето дете.

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња