Novalac Prenatal

Често поставувани прашања

Novalac пренаталните капсули се наменети за жени кои планираат бременост, се бремени или дојат.

Со само една капсула дневно во текот на сите три периоди (планирање бременост, бременост и доење), се задоволуваат зголемените дневни потреби за клучни хранливи материи кои придонесуваат за здрав развој на новороденчето. (1, 2, 3)

на планирање бременост, најмалку три месеци пред зачнување.

Продолжи да ги земаш во текот на целата бременост и за време на доењето.

Со внесување на клучни хранливи материи, ќе ја обезбедиш сопствената благосостојба и здравиот развој на новороденчето. (1, 2, 3)

Да. Можеш да земаш Novalac пренатални капсули дури и ако само планираш бременост или се сомневаш дека си бремена.

Во овој период на твоето тело веќе му е потребна поддршка со клучни хранливи материи, затоа навременото дополнување е важно за здрав почеток на бременоста. (1, 2, 3)

Ти препорачуваме да започнеш со земање на капсулите кога планираш бременост и да продолжиш во текот на целата бременост и доењето.

Затоа што најважните процеси во развојот на плодот започнуваат многу рано – често и пред да дознаеш дека си бремена.

Со навремено внесување на одредени хранливи материи, особено фолна киселина, уште во фазата на планирање бременост, може успешно да се спречат оштетувања на невралната цевка. Дефектите на невралната цевка се вродени дефекти на мозокот или ‘рбетниот мозок. Тие се појавуваат во првиот месец од бременоста, често пред жената воопшто да знае дека е бремена.

Со раното земање на Novalac пренаталните капсули му обезбедуваш на своето тело клучни хранливи материи важни за здравиот развој на твоето новороденче. (1, 2, 3)

Тоа ќе ти помогне да се чувствуваш поподготвена и поопуштена во врска со бременоста.

Да. Novalac пренаталните капсули се соодветни и за периодот на доење. Една капсула дневно му обезбедува на твоето тело клучни хранливи материи што се потребни за тебе и за здравиот развој на твоето бебе во овој период. (1, 2, 3)

Препорачаната доза е 1 капсула дневно. Можеш да ја земеш во кое било време од денот, по можност за време на оброк или веднаш по оброк, со чаша течност.

Ова ќе биде поповолно за твојот желудник и ќе му овозможи на телото оптимално да ги искористи хранливите материи.

Со само една Novalac пренатална капсула дневно ги добиваш сите клучни хранливи материи што ти се потребни при подготвка на организмот за бременост, за време на бременоста и доењето, а истовремено обезбедуваш здрав развој на твоето новороденче.

Капсулата содржи активна фолна киселина Quatrefolic®, железо Lipofer® микрокапсули, омега-3 масна киселина DHA и други важни витамини и минерали, со што се елиминира потребата од дополнителни додатоци во исхраната. (1, 2, 3)

Едноставно, сигурно и без грижи.

Novalac пренаталните капсули содржат комбинација од внимателно одбрани хранливи материи што го поддржуваат твоето тело и развојот на твоето новороденче во сите три фази: при планирање бременост, за време на бременост и доење.

Главни состојки се:

  • активна фолна киселина Quatrefolic® – најнова генерација фолна киселина што телото може целосно да ја искористи, (1)
  • железо Lipofer® микрокапсули, кои овозможуваат висока апсорпција на железо во крвта, не го иритираат желудникот и немаат непријатен метален вкус, (2)
  • омега-3 масната киселина DHA, која телото не може само да ја произведе, (3)
  • 14 други витамини и минерали потребни за нормално функционирање на имунолошкиот систем, создавање крв, енергија и функција на клетките.

Целосната листа на состојки можеш да ја погледнеш овде.

Не. Novalac пренаталните капсули не се погодни за вегани бидејќи содржат рибино масло, жолт пчелин восок и желатин кој не е од растително потекло.

Quaterfolic® е метаболички активна форма на фолна киселина (фолат) со висока биорасположивост и растворливост во вода, што значи дека твоето тело може веднаш да ја искористи без потреба од дополнителна конверзија. Ова е особено важно бидејќи секоја втора жена има намалена способност да ја претвори обичната фолна киселина во активна форма.

Активната фолна киселина Quatrefolic® придонесува за нормално создавање на крв, има улога во процесот на делба на клетките и придонесува за намалување на ризикот од оштетувања на нервната цевка при развојот на фетусот.

Затоа се препорачува нејзино земање во фазата на планирање бременост, како и за време на бременоста и доењето. (1)

што значи дека е обвиено со посебна заштитна обвивка. Оваа технологија овозможува добра апсорпција на железото во крвта, а истовремено спречува иритација на желудникот и ги намалува вообичаените гастроинтестинални тегоби што може да се појават при земање железо.

Предности на железото Lipofer® микрокапсули:

  • не го иритира желудникот и лесно се вари,
  • не предизвикува запек или други гастроинтестинални тегоби,
  • без непријатен метален вкус,
  • придонесува за нормално создавање на црвени крвни клетки и хемоглобин,
  • има улога во процесот на делба на клетките,
  • придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста.

Затоа внесувањето железо особено се препорачува при планирање бременост, за време на бременост и доење, кога потребите на организмот за железо се зголемени. (2)

Не. Novalac пренаталните капсули се формулирани така што не го иритираат желудникот и лесно се варат. Имено, содржат железо Lipofer® микрокапсули во микроенкапсулирана форма што не го иритира желудникот, не предизвикува запек и нема непријатен метален вкус.

Во капсулата е вклучена и омега-3 масната киселина DHA на начин што не предизвикува подригнување и нема изразен мирис или вкус на рибино масло.

Не. Novalac пренаталните капсули немаат непријатен вкус на железо или рибино масло.

Железото Lipofer® микрокапсули е во микроенкапсулирана форма за да се спречи карактеристичниот метален вкус, а омега-3 масната киселина DHA е вклучена на таков начин што нема мирис на риба и не предизвикува подригнување.

DHA е омега-3 масна киселина која има важна улога во развојот на мозокот и очите на фетусот и доенчето. За време на бременост и доење потребата за DHA е зголемена, па затоа нејзиниот редовен внес е особено важен.

Омега-3 масната киселина DHA има важна улога бидејќи придонесува за нормален когнитивен развој на фетусот и новороденчето, како и за оптимален развој на видот на фетусот и доеното новороденче. Недостатокот на DHA во бременоста може да го зголеми ризикот од предвремено породување. (3)

Novalac пренаталните капсули содржат 200 мг DHA во една капсула дневно.

Во повеќето случаи, дополнителни додатоци во исхраната не се потребни, бидејќи Novalac пренатал капсулите со само една капсула дневно ги обезбедуваат сите клучни хранливи материи што се потребни при планирање бременост, за време на бременост и доење.

Доколку гинеколог или друг здравствен стручњак ти препорачал дополнителни хранливи материи поради специфични потреби, секогаш следи ги нивните совети.

Препорачаната доза е 1 мека капсула дневно; земете ја со оброк или веднаш по оброк и проголтајте ја цела со чаша течност. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.

Доколку дополнително земате калциум, земајте го одвоено, со временски интервал од најмалку неколку часа.

Novalac пренатал капсулите се додаток во исхраната и не се замена за урамнотежена и разновидна исхрана и здрав начин на живот.

Novalac пренатал капсулите чувајте ги на суво место, на температура под 25 °C, заштитени од влага и директна сончева светлина, како и подалеку од дофат на деца.

1 Фолатот придонесува за развој на мајчиното ткиво за време на бременоста. Фолатот има улога во процесот на делба на клетките. Фолатот придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Земањето Novalac пренатални капсули го зголемува нивото на фолат кај бремени жени.

Ниските нивоа на фолат кај бремени жени претставуваат ризик – фактор за оштетувања на невралната цевка во развојот на плодот.

2 Железото придонесува за нормално создавање на црвени крвни клетки и хемоглобин. Железото придонесува за нормален транспорт на кислород во телото. Железото придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Железото придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Железото има улога во процесот на делба на клетките.

3 Внесот на DHA преку мајката придонесува за нормален развој на мозокот и очите кај плодот и доенчињата кои се дојат. Поволниот ефект се постигнува со дневен внес од 200 мг DHA, покрај препорачаниот дневен внес на омега-3 масни киселини за возрасни, односно 250 мг DHA и EPA.