Хранење без бљуцкање, растење со љубов
За бебето, сонот значи удобност и мир, а за мајката – мир и одмор.
За жал, многу бебиња имаат гастроинтестинални проблеми кои им го нарушуваат сонот и општото здравје. Една од најчестите причини е бљуцкањето (регургитацијата) – најчестиот гастроинтестинален проблем во првата година од животот. Ова се случува кога мала количина на желудочна содржина се враќа во устата по хранењето.
Регургитацијата се јавува кај околу 30% од доенчињата ширум светот и често е поврзана со други гастроинтестинални тегоби како што се грчеви, запек, плачење и слаб сон.
Можете да прочитате повеќе за бљуцкањето во оваа статија.
Симптомите на бљуцкање не само што предизвикуваат непријатност кај бебето, туку го зголемуваат и стресот и вознемиреноста кај родителите, што доведува до губење на сон, емоционална исцрпеност и намален квалитет на живот за целото семејство. Затоа е важно да се најде ефикасен и нежен начин за решавање на проблемот.
Што помага при бљуцкање (регургитација)?
Еден од начините како со диететска регулација да му се помогне на доенчето кое бљуцка е употребата на млечна формула со згуснувач. Овие формули се направени да им помогнат на бебињата да го задржат млекото во желудникот по хранењето.
Важно е формулата во шишето да биде течна за да може бебето лесно да ја пие, а таа се згуснува во желудникот и на тој начин се спречува враќањето на млекото.
Сепак, не сите згуснувачи во формулите делуваат на ист начин. Побарајте згуснувач кој:
• останува течен во шишето,
• се згуснува дури во желудникот,
• одржува нормална конзистенција на столицата (ниту премногу тврда ниту премногу течна).
PAX = МИР
Еден таков згуснувач што ги исполнува горенаведените критериуми е PAX® Complex. Тоа е патентирана комбинација од три клучни компоненти:
• Пектинот, природно влакно од овошјето, нежно се згуснува во желудникот и помага столицата да остане мека за да се спречи запек.
• Прежелатинизираниот скроб помага да се згусне млечната формула само кога е во стомакот на бебето.
• Рогач во прав или ксантан гума – природни влакна кои додаваат мазна густина и помагаат во одржувањето на здравјето на цревата.
Овие три состојки заедно овозможуваат млечната формула да се згусне дури во желудникот. PAX® Complex воедно може да ја регулира и конзистенцијата на столицата кај доенчето; поточно, ја тврдата столица ја омекнува до нормална цврстина.
За доенчиња кои бљуцкаат, PAX® Complex може да ја ублажи нивната непријатност и да донесе мир во целото семејство.