Алергија или нетолеранција на лактоза?

уреднички тим Novalac

Иако делат некои заеднички симптоми, алергијата на кравјо млеко и нетолеранцијата на лактоза се две различни состојби и различно влијаат на организмот.

Како ќе знаете дали станува збор за алергија на кравјо млеко или нетолеранција на лактоза?

Кај алергијата на кравјо млеко, имунолошкиот систем претерано реагира на протеините во кравјото млеко. Алергиските симптоми можат да се појават веднаш по хранењето, односно контактот со храната, или само по неколку часа.

Симптомите на алергија се манифестираат во сите органски системи (гастроинтестинален систем, кожа, респираторен систем), но исто така и во општа непријатност, често плачење и слабо зголемување на телесната тежина. Алергијата се појавува во првите месеци од животот.

Третманот на алергија на кравјо млеко вклучува отстранување на млечните протеини од исхраната на доенчето.

Од друга страна, нетолеранцијата на лактоза нема никаква врска со имунолошкиот систем, туку со гастроинтестиналниот систем. Нетолеранцијата на лактоза се јавува поради недостаток на лактаза во тенкото црево, ензимот одговорен за варење на млечниот шеќер (лактоза).

Затоа нетолеранцијата на млеко се нарекува и примарна нетолеранција на лактоза. Се јавува и кај доени и кај деца хранети со шише. Знаци на нетолеранција може да бидат надуеност, болки во стомакот, дијареја и најчесто се појавуваат од 30 минути до два часа по консумирање на храната што содржи лактоза.

Кожата и респираторните органи генерално не се засегнати.

Исто така, постои и секундарна нетолеранција на лактоза која епредизвикана од оштетување на цревата. Во случај на тешка дијареја или алергија на протеини од кравјо млеко, цревата можат да бидат оштетени и затоа епителните клетки не лачат доволно ензим лактаза.

Mama priprema bočicu mlijeka u kuhinji - podrška za alergiju na proteine ​​kravljeg mlijeka.

Симптомите на нетолеранција на лактоза може да се решат со исклучување на храна што содржи лактоза, а кај доенчињата кои се на дополнителна храна, со користење на млечна формула со намалена количина на лактоза.

Имено, повеќето деца со нетолеранција на лактоза можат да поднесат одредена количина на лактоза во храната.

Доколку вашето дете има некој од горенаведените симптоми, ве советуваме да го посетите вашиот педијатар и да дознаете дали станува збор за алергија, нетолеранција или пак присутниот симптом е резултат на нешто друго.

Што можете да очекувате од педијатарот?

Педијатарот на вашето дете ќе ви постави многу прашања за симптомите, а вашите одговори ќе помогнат да се постави дијагноза.

Затоа, ве советуваме да подготвите одговори на следниве прашања:

  • Со што ги поврзувате симптомите? Која е причината за појава на симптомите?
  • Кога првпат се појавија симптомите?
  • Со која брзина се развиле?
  • Колку долго траеја симптомите?
  • Колку често се јавуваат?
  • Дали симптомите се исти секој пат?
  • Дали вие или вашиот партнер сте биле алергични како дете и дали сè уште имате алергии?
  • Дали вашето дете има брат или сестра со алергии?

Исклучително е важно да побарате совет од педијатар пред да го исфрлите кравјото млеко од исхраната, бидејќи е богато со важни состојки за здрав раст и развој на детето. Педијатарот ќе ви понуди алтернативно решение кое детето ќе го зема под медицински надзор.

Кај докажана алергија на протеини од кравјо млеко, како прв избор се препорачува формула во која протеините се разградени на помали делови (екстензивен хидролизат) и повеќе не предизвикуваат алергиски реакции, или формули на база на хидролизат од ориз. Кај многу тешки форми на алергии, се користи формула на база на слободни аминокиселини (основни градбени единици на протеините).

Одлуката за тоа која млечна формула е соодветна за вашето дете, препуштете му ја на педијатарот на вашето дете.

Прочитај повеќе

Група експерти подготви бројни теми во кои одговараат на најчесто поставените прашања за зачнување, бременост и почетниот период од мајчинството.

Придружи се во Novalac клубот

Со зачленување во Novalac клубот добивате:

  • E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
  • Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
  • Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.