Алергија на протеини на кравјо млеко
Терминот алергија опишува прекумерна реакција (преосетливост) на имунолошкиот систем на одредена супстанца – алерген, кој инаку не е опасен за организмот. Се манифестира со алергиски знаци, односно симптоми кои можат да се појават веднаш по хранењето, односно првиот контакт со храната или по неколку часа.
Како по правило, алергиите на храна не го придружуваат човекот во текот на целиот негов живот. Кај децата обично исчезнуваат помеѓу втората и четвртата година од животот. Алергиите на риба и кикирики обично траат подолго од алергиите на млеко и јајца.
Алергија на протеините од кравјо млеко се развива во првите месеци од животот. Симптомите на алергија можат да се манифестираат во неколку органски системи (дигестивен систем, кожа, респираторен систем).
Во првата година од животот, се јавуваат пред се симптоми како што се:
- општа вознемиреност кај детето
- често плачење
- слабо зголемување на телесната тежина
- симптоми на дигестивниот систем (дијареја, повраќање, запек)
- и на кожата (осип, чешање, црвенило)
Третманот на алергија на кравјо млеко подразбира исклучување на млечните протеини од исхраната на бебето.
Кој може да има алергија?
Сите можеме да бидеме алергични на различни работи. Некои луѓе се посклони кон развој на алергии. Наследството игра важна улога; ако алергијата е веќе присутна во семејството (родители, сестра или брат), постои поголема можност и детето да ја има.
Која храна може да предизвика алергија?
Повеќето прехранбени производи можат да предизвикаат алергиски реакции.
Најчестите алергени во храната се:
- кикирики,
- јајца,
- млеко,
- јагоди
- и морски плодови.
Кравјото млеко и протеините од соја се главните предизвикувачи на алергија кај децата под 6 месеци чии родители веќе имаат некои симптоми на алергија.
Во случај на алергија на протеини од кравјо млеко, единственото решение е целосно да се исклучи кравјото млеко од исхраната.
Тешка форма на алергија на протеини од кравјо млеко
Кај доенчиња кои не се дојат, според препорака на лекар, е со смисла да се воведе формула која содржи екстензивен хидролизат на протеини од кравјо млеко, во која протеините се разградени на помали делови кои се помалку алергени.
Понекогаш алергијата е толку изразена што симптомите се присутни и по воведувањето на екстензивен хидролизат, па во такви случаи е неопходна исхрана базирана на слободни аминокиселини (основните градивни елементи на протеините).
За среќа, практиката покажува дека само 10% од доенчињата имаат таква алергија.
Употребата на храна на база на аминокиселини има смисла и во случаи на алергија на повеќе видови храна истовремено, при тешко алергиско воспаление на цревата, анафилактичен шок или во случаи кога алергијата е присутна кај доени бебиња и покрај тоа што мајката се придржува до исхрана без млеко. Бидејќи бљуцкањето (регургитацијата) е еден од многу честите симптоми на алергија, добро е истовремено да се третира и овој проблем. На овој начин се постигнува подобра исхрана кај доенчињата и малите деца со алергии и нивен подобар напредок во растот и развојот.
Лекарот ви препорачал млечна формула Novalac Allernova AR.
Novalac Allernova AR е храна за посебни медицински потреби. Тоа е специјална млечна формула прилагодена за исхрана на доенчиња со алергија на протеини на кравјо млеко и со регургитација.
Novalac Allernova AR е згусната млечна формула која содржи екстензивен хидролизат на казеин . Тоа значи дека протеинот во кравјото млеко – казеин – е обработен со посебна постапка, и како таков (хидролизиран) повеќе не предизвикува алергиски реакции.

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.