уреднички тим Novalac

Ново во Македонија – растителна формула за бебиња

Мајчиното млеко е најдобрата храна за бебињата, но за воспоставување на доењето често се потребни трпение и упорност. Кога доењето, поради одредени причини, не е можно, постои одлична и соодветна замена – квалитетни и прилагодени млечни формули. Новитет на пазарот е растителна формула со згуснувач, која содржи сè што е потребно за здрав раст и развој на бебето.

Што е формула на растителна основа?

Кога доењето не е можно, се користат млечни формули. Но бидејќи бебињата различно ги прифаќаат, постојат и формули на растителна основа.

Што значи тоа?

Млечните формули за доенчиња најчесто се произведуваат со сушење на кравјо (понекогаш козјо) млеко. При тоа се добиваат животински протеини, на кои некои бебиња можат да бидат алергични или чувствителни.

Алтернатива на растителна основа со ниска алергичност е оризовата формула.

Што претставува оризовиот хидролизат?

За да се подготви формула за доенчиња на оризова основа, од оризовото зрно се извлекува оризов протеин. Бидејќи оризовиот протеин сам по себе не е многу растворлив, производителот ги хидролизира за да стане растворлив во вода и погоден за формулата.

Формулата со оризов протеин е погодна како алтернативна исхрана за доенчиња со алергија на протеинот од кравјо млеко.

Значи, дали формулата на оризова основа е соодветна и за бебиња со алергија на кравјо млеко? ДА според клинички истражувања, 100% од доенчињата со алергија на кравјо млеко добро го поднесуваат оризовиот хидролизат, кој содржи хидролизирани оризови протеини и претставува алтернативна исхрана за недоени бебиња со потврдена алергија на кравјо млеко.

Кои други проблеми може да ги реши?

Освен што ги решава проблемите предизвикани од алергија на протеинот од кравјото млеко, формулата на оризова основа, која не содржи лактоза и го содржи иновативениот згуснувач PAX®, може да помогне и кај други тегоби кај бебињата, што не се нужно поврзани со алергија на млеко.

Иновативниот згуснувач PAX® ја намалува зачестеноста и количината на бљуцкање (регургитација), ја нормализира столицата и на тој начин ја регулира и дијарејата  и запекот.


Благодарение на составот без лактоза, формулата ги елиминира проблемите поврзани со нетолеранција на лактоза кај доенчињата, кои може да се појават со гасови, грчеви, надуеност, дијареја итн.

Што претставува нетолеранција на лактоза?

Лактозата е шеќер што се наоѓа во сите видови млеко – мајчино, кравјо, па така и во повеќето формули за доенчиња.

Во првите неколку месеци од животот, некои бебиња можат потешко да ја сварат лактозата, што може да предизвика гасови. Кога тоа се случува бебињата може да станат раздразливи и немирни.

За среќа, вистинската нетолеранција на лактоза кај бебињата е многу ретка.

Кои се симптомите на нетолеранција на лактоза: гасови, кркорење во стомакот, грчеви, надуеност, дијареја.

За чувствителните бебиња постојат формули со намалено количество на лактоза или без лактоза.

Формулата на растителна основа – оризов хидролизат – по природа не содржи лактоза, па така помага во намалување на проблемите поврзани со нетолеранција на лактоза.

Извори:

  1. Vandenplas et al. Eur J Pediatr. 2014 Sep;173(9):1209-16.
  2. Dupont et al. BMC Pediatr. 2016 Jul 18;16:96. 
  3. ⁠Dupont et al. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2015 Oct;61(4):456-63. 

Прочитај повеќе

Група експерти подготви бројни теми во кои одговараат на најчесто поставените прашања за зачнување, бременост и почетниот период од мајчинството.

Придружи се во Novalac клубот

Со зачленување во Novalac клубот добивате:

  • E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
  • Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
  • Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.