Разлика помеѓу обичната фолна киселина и активната фолна киселина
Фолат, познат и како витамин Б9, е есенцијален микронутриент кој учествува во различни процеси во организмот. Луѓето не можат сами да произведуваат есенцијални микронутриенти, па затоа зависат од соодветна исхрана за да ги обезбедат потребните нивоа на есенцијални микронутриенти во организмот.
Витамините, минералите и микронутриентите имаат клучна улога во здравјето на бремените жени, како и во правилниот развој и долгорочното здравје на фетусот. Важно е бремената жена да ги знае основите на здравата исхрана и да ги земе во предвид зголемените потреби за енергија, протеини, витамини, минерали и микроелементи, кои не може секогаш да ги добие само преку здрава исхрана. Хранливата материја која е многу важна за здравјето на бремените жени и здравиот развој на фетусот е фолната киселина. За време на бременоста, таа често треба да се надополнува бидејќи не можеме да ја добиеме во доволни количини од храната. (1)
Фолати и фолна киселина
Фолат, познат и како витамин Б9,е есенцијален микронутриент кој учествува во различни процеси во организмот. Луѓето не можат сами да произведуваат есенцијални микронутриенти, па затоа зависат од соодветна исхрана за да ги обезбедат потребните нивоа на есенцијални микронутриенти во организмот.
Нивото на фолати во телото може да биде под влијание на:
- нашите навики во исхраната,
- послаба апсорпција на внесен фолат од храната во крвотокот,
- зголемени потреби за фолати (на пр. бременост),
- разлики во метаболизмот како резултат на генетиката.
Фолатите имаат клучна улога во обезбедувањето на нормалното функционирање на клетките. (2)
Главни извори на фолати во природата се зелениот лиснат зеленчук (спанаќ, брокула, зелена салата), цитрусни овошја, црн дроб, грав и кељ. (3) Фолатот што се наоѓа во храната е чувствителен на покачени температури, светлина, оксидација и е растворлив во вода. Затоа, се препорачува храната што содржи фолати да не се готви предолго. (4) За да се обезбеди соодветно ниво на фолати во крвта на населението, некои земји воведоа задолжително збогатување на храната со синтетички произведени фолати, т.е. фолна киселина. (2)
Фолната киселина не се наоѓа во природата, но има подобрени својства во споредба со природно присутните фолати. Фолната киселина е постабилна форма на фолат што нашето тело ја апсорбира полесно. По внесувањето, синтетички произведената форма на фолна киселина поминува низ бројни метаболички реакции во организмот во кои се создава корисна форма на фолат за телото – 5-метилтетрахидрофолат или активната форма на фолна киселина. (2)
Како делува активната фолна киселина?
По внесувањето со храна, конверзијата на фолати започнува во тенкото црево, а успехот на конверзијата е во голема мера зависен од активноста на ензимот 5,10-метилентетрахидрофолат редуктаза (MTHFR) , кој е подложен на полиморфизам. Намалената активност на ензимот MTHFR дополнително ја зголемува потребата за внес на фолати и го зголемува ризикот од некои нарушувања. (2) Полиморфизмот на MTHFR , што значи намалена активност на MTHFR, се јавува кај повеќе од 50% од популацијата. (3)
Меѓу достапните извори на фолати, најдобар избор е активната форма на фолна киселина – 5-метилтетрахидрофолат – која може целосно да се искористи дури и од луѓе кои имаат намалена способност да ја претворат фолната киселина во нејзината активна форма поради полиморфизмот MTHFR.
Заклучок
Грижата за здравиот развој на новороденчето започнува уште пред зачнувањето. Здравјето и соодветната нутритивна состојба на мајката се клучни фактори за успешен почеток, текот и крајот на бременоста. Со оглед на сознанието дека не сите хранливи елементи можат целосно да се добијат и искористат од храната, правилниот избор на додатоци во исхраната е клучен.
Преку нови испитувања и научни достигнувања, истражувачите добија активна фолна киселина што може да ја користи целата популација. (5)
Извори:
- Novak Antolič Ž et al. Klinična prehrana v nosečnosti. Medicinska fakulteta, Univerza v Ljubljani, Ljubljana 2015
- Scaglione F, Panzavolta G. Folate, folic acid and 5-methyltetrahydrofolate are not the same thing, Xenobiotica, 2014, 44:5, 480-488
- Czeizel A et al. Folate Deficiency and Folic Acid Supplementation: The Prevention of Neural-Tube Defects and Congenital Heart Defects. Nutrients, 2013, 5, 4760-4775.
- Sources of folate: where can we find folate in food? [Internet]. [citirano 7.4.2023]. Dostopno na: https://quatrefolic.com/news/sources-of-folate-where-can-we-find-folate-in-food/
- Quatrefolic®, the 4th generation of folate [Internet]. [citirano 7.4.2023]. Dostopno na: https://quatrefolic.com/

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.