Запек

Што е запек?

Под запек се подразбира нередовно празнење на цревата кај доенчињата (два пати неделно или поретко). Столицата е тврда, дефекацијата е нередовна, отежната, може да биде дури и болна, а на површината на столицата може да се појави крв.

Дали запекот е болен?

Излачувањето на тврдата столица може да биде болно, може да се појави и крв. Веднаш треба да се превземат соодветни мерки. Ако детето при празнењето на столицата има болки, ќе се обиде да ја задржи столицата и тогаш запекот ќе стане сериозен проблем.

Што го предизвикува запекот?

Запекот обично има функционални причини и непосредно е поврзан со храната, внес на премалку течности или земање на некои лекови. Ако детето зема лекови, може да му се успори празнењето, за што треба да го известите лекарот.

Ви препорачале млечна формула Novalac IT за исхрана на доенчиња со запек.

Млечната формула Novalac IT е прилагодена за исхрана на доенчиња со запек. Содржи зголемена количина на лактоза (млечен шеќер) и магнезиум, кои овозможуваат омекнување на столицата, со што се олеснува празнењето на цревата. Novalac IT е потполна храна и ги задоволува сите нутритивни потреби за нормален раст и развој на доенчето.

Млечната формула Novalac IT е наменета за исхрана на доенчиња со запек од раѓање па се до навршување на 12 месеци ако доенчето не е на исхрана со мајчино млеко. Novalac IT ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња до 6 месечна возраст, а за доенчиња постари од 6 месеци по препорака од лекар се комбинира со разновидна исхрана.

Што да превземете ако доенчето има запек?

  • Ако своето дете го доите, најверојатно вашето млеко нема доволно влакна: обидете се да јадете повеќе овошје и зеленчук.
  • Ако детето го храните со шишенце, ви препорачуваме употреба на млечната формула Novalac IT за доенчиња со запек. Посоветувајте се со Вашиот педијатар.
  • Ако вашето дете веќе јаде разновидна храна, вклучете во неговата исхрана некои продукти: свежо овошје и зеленчук (киви, портокали, мандарини, компот од суви сливи или смокви, грозје, круши...) и интегрален леб од цели зрна..
  • Обидете на детето да му понудите повеќе пати мали количини на некоја течност (вода, чај, овошни сокови).

Што треба да избегнувате ако доенчето има запек?

Ако сметате дека детето има запек, прво исклучете ја можноста за погрешна подготовка на оброк (млеко), прилагодете ја исхраната и посоветувајте се со Вашиот педијатар. Не препорачуваме:

  • банани
  • чоколадо
  • кашички со чоколадо
  • морков
  • ориз

Немојте да употребувате лаксативи без претходно да се посоветувате со лекар. Не дозволувајте запекот да трае подолго време.

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња