Ве молиме прочитајте го известувањето
Мајчиното млеко е најдобра храна за доенчиња која воедно е прилагодена на нивните потреби. Често се случува доењето да биде проблем и покрај трудот и истрајноста на мајките или мора да се прекине поради болест, односно количината на мајчино млеко не ја задоволува потребата на доенчето. Во тој случај најдобра замена за доење е употребата на адаптирано млеко кое ги содржи сите хранливи состојки кои се потребни за здрав раст и развој на детето. Млечните формули Novalac употребувајте го откако ќе се советувате со стручни лица од областа на медицината, фармацијата или со други стручни лица кои се одговорни за грижата на мајката и детето. Со кликнување на копчето за продолжување ќе ви бидат достапни информации за адаптираното млеко Novalac. Ако се согласувате да продолжите прифатете интернет страната Novalac.mk да ве информира за адаптираното млеко за доенчиња, по ваша желба.
- Предности
- Упатство за употреба
- Состав
- Предупредувања
Novalac AR Digest + е храна за посебна медицинска намена за диететска исхрана кај доенчиња и мали деца со регургитација и дигестивни тегоби. Novalac AR Digest + е млечна формула наменета за доенчиња, прилагодено на посебните нутритивни потреби на доенчињата со регургитација и дигестивни тегоби.
Novalac AR Digest + содржи единствена смеса за згуснување која комбинира скроб и диететски влакна за да ја намали регургитацијата.
Бљуцкање или регургитација е чест гастроинтестинален проблем кај доенчињата во првата година од животот, кој се манифестира како ненамерно враќање на мајчиното млеко, односно млечна храна од желудникот во хранопроводот, а оттаму во устата. Обично се јавува веднаш или кратко по оброкот (при подригнување), а поретко за време на спиење.
Novalac AR Digest + содржи иновативен трокомпонентен згуснувач кој овозможува оптимално згуснување на храната во желудникот, извор е на влакна и поради зголемената вискозност при неутрална pH-вредност, покажува подобри својства во споредба со другите класични згуснувачи. Резултатот од дејството на трокомпонентниот згуснувач е намалување на бљуцкањето кај доенчињата и избалансирано варење на храната, а со тоа и нормално зголемување на телесната тежина.
Novalac AR Digest + ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња до 6 месеци и може да се користи како единствена храна. По 6-месечна возраст, Novalac AR Digest + може да се дава како дел од разновидна исхрана.
Novalac AR Digest + е дел од големата група производи на Novalac млечни формули кои се специјално прилагодени за доенчиња со внимателно одбрани состојки и контролиран квалитет.
Novalac млечните формули се клинички докажано ефикасни, не содржат генетски модифицирани организми (ГМО) и не содржат глутен.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AR Digest +:
| Возраст на бебето (месеци) | 0-1 | 1-2 | 2-4 | 4-6 | 6-12 | 12-36 |
|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на оброци дневно | 6 | 5 | 5 | 4 | 3* | 2-3* |
| Број на дозерки за подготовка на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 | 7 | 8 |
| Количина на вода (мл) | 90 | 120 | 150 | 210 | 210 | 240 |
* како дел од разновидна исхрана
До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4,3 g Novalac AR Digest +. Една дозерка се раствора во 30 ml вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагоди според возраста и потребите на доенчето. Доколку лекарот не ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата за дозирање.
ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ.
- Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
- Водата за подготвување на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
- Водата во садот оладете ја на 40°C и ставете ја во шишенцето.
- Ставете го пропишаниот број на дозерки во шишенцето со помош на приложената дозерка.
- Затворете го шишето и добро промешајте за прашокот целосно да се раствори.
- Подготвениот оброк оладете го до млако 37 °C, односно додека на кожата не осетите ниту ладно ниту топло.
Дополнителни совети за подготовка на млечна храна: Се препорачува шишенцето за хранење силно да се протресе веднаш по додавањето на прашокот во водата додека прашокот целосно не се раствори. За ова, се препорачува и користење на доволно големи шишенца за добро да се протресе содржината. Доколку е потребно, родителите прво можат да ја подготват првата половина, а потоа и втората: прво, додадете половина од прашокот во целата количина добро загреана вода, измешајте и протресете го шишенцето за хранење, потоа додадете ја преостанатата количина прашок и повторно протресете го шишенцето. Брзината во подготовката е важна за да не чекате и да го оставите да „стои мирно“. Ова може да помогне во намалувањето на создавање грутки и згрутчување.
Поради специфичниот состав на млекото Novalac AR Digest +, можеби ќе треба да го протресувате повеќе од вообичаено за да се раствори. Без никакви последици за вашето дете, згуснатата млечна формула Novalac AR Digest + може природно да содржи мали темни честички од растително потекло (брашно од рогач) и мали бели грутки од диететски влакна.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Состав на млечна формула Novalac AR
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивната што пооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај, ве уверуваме дека сите Novalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac. Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Мајчиното млеко е најдобрата храна за доенчињата. Novalac AR Digest + треба да се зема под надзор на лекар и да се дава само на доенчиња кои покажуваат симптоми за кои е наменет производот. Производот не е наменет како единствен извор на прехрана после 6 месечна возраст. Особено внимание е потребно кај доенчиња со намален имунитет, недоносени или со мала родилна тежина, како и кај алергиски реакции на млечни протеини. Неправилната подготовка или чување можат да претставуваат ризик по здравјето. Производот не е погоден за парентерална употреба или за хранење со сонда.
Секогаш подготвувајте свеж оброк. Чувајте на суво и ладно место, заштитено од светлина. Производот е најдобро да се употреби до датумот отпечатен на дното од лименката. После првото отварање на лименката, содржината употребете ја во рок од три недели. После секоја употреба на лименката добро затворете ја. Не го чувајте неиспиениот оброк. Фрлете го остатокот.
Поврзани производи
Novalac Allernova AR
400 g
Бремените жени за Novalac AR Digest +
Едукативни содржини

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.