Ве молиме прочитајте го известувањето
Мајчиното млеко е најдобра храна за доенчиња која воедно е прилагодена на нивните потреби. Често се случува доењето да биде проблем и покрај трудот и истрајноста на мајките или мора да се прекине поради болест, односно количината на мајчино млеко не ја задоволува потребата на доенчето. Во тој случај најдобра замена за доење е употребата на адаптирано млеко кое ги содржи сите хранливи состојки кои се потребни за здрав раст и развој на детето. Млечните формули Novalac употребувајте го откако ќе се советувате со стручни лица од областа на медицината, фармацијата или со други стручни лица кои се одговорни за грижата на мајката и детето. Со кликнување на копчето за продолжување ќе ви бидат достапни информации за адаптираното млеко Novalac. Ако се согласувате да продолжите прифатете интернет страната Novalac.mk да ве информира за адаптираното млеко за доенчиња, по ваша желба.
Novalac Total Comfort +
800 g
Novalac Total Comfort + е храна за посебна медицинска намена, за диететска исхрана на доенчиња со гастроинтестинални нарушувања како што се регургитација, болки во стомакот и гасови поради нетолеранција на лактоза и запек.
- Предности
- Упатство за употреба
- Состав
- Предупредувања
Novalac Total Comfort + е храна за посебна медицинска намена, диететски производ за исхрана на доенчиња и мали деца со гастроинтестинални нарушувања. Novalac Total Comfort + е формула наменета за бебиња со регургитација и проблеми поради гастроезофагеален рефлукс, а исто така ги ублажува болките во стомакот и гасовите предизвикани од нетолеранција на лактоза и запек.
Novalac Total Comfort + содржи иновативен трикомпонентен згуснувач кој овозможува оптимално згуснување на храната во желудникот. Содржи влакна и поради зголемената вискозност при неутрална pH-вредност, покажува подобри згуснувачки својства во споредба со другите класични згуснувачи. Резултатот од дејството на трокомпонентниот згуснувач е намалување на бљуцкањето (регургитацијата) кај доенчињата и регулирано варење.
Novalac Total Comfort + има намалена содржина на лактоза за да се спречи појавата на колики. Содржи млечнокиселински бактерии: Lactobacillus rhamnosus GG, Bifidobacterium lactis, Streptococcus thermophilus и Lactobacillus paracasei.
Novalac Total Comfort + ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата до 6 месеци и може да се користи како единствена храна. По 6-тиот месец, може да се продолжи со оваа исхрана како дел од разновидната исхрана.
Novalac Total Comfort + е дел од голема група производи на Novalac кои се специјално прилагодени за доенчиња со внимателно одбрани состојки и контролиран квалитет.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac Total Comfort +:
| Возраст на бебето (месеци) | 0–1 | 1–2 | 2–4 | 4–6 | 6–12 | 12–36 |
| Број на оброци дневно | 6 | 5 | 5 | 4 | 3* | 2–3* |
| Број на дозерки за подготовка на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 | 7 | 8 |
| Количина на вода (ml) | 90 | 120 | 150 | 210 | 210 | 240 |
* како дел од разновидната исхрана
Наполнета до врвот и порамнета до работ, вклучената дозерка содржи 4,3 г Novalac Total Comfort +. Растворете една дозерка во 30 мл вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагодат на возраста и потребите на доенчето. Доколку вашиот лекар не ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата.
ПРЕД ПОДГОТВУВАЊЕ НА СЕКОЈ ОБРОК, ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ.
- Шишенцето и цуцлата со капачето превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
- Водата за подготвување на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
- Водата во садот оладете ја на 40 0C и ставете ја во шишенцето.
- Ставете го пропишаниот број на дозерки во шишенцето со помош на приложената дозерка.
- Затворете го шишето и добро промешајте за прашокот потполно да се раствори.
- Подготвениот оброк оладете го до млако 37 0C односно додека на кожата не осетите ниту ладно ниту топло.
Дополнителен совет за подготовка на млеко за бебиња: Се препорачува шишето за хранење да се протресе горе-долу веднаш по додавањето на прашокот во водата и да се промешува по потреба додека прашокот целосно не се раствори. Затоа, шишето мора да биде доволно големо за добро да се протресе содржината. Доколку е потребно, родителите прво можат да ја подготват првата половина, а потоа и втората: прво, додадете половина од количината прашок на целата количина добро загреана вода и протресете го шишето за хранење, потоа додадете ја преостанатата количина прашок и повторно добро промешајте и протресете го шишето. Важно е да се биде брз во подготовката за да не се чека и да се остави „да стои“. Ова може да помогне во намалувањето на грутките и згрутчувањето.
Поради специфичниот состав на млекото Novalac Total Comfort +, можеби ќе треба да го протресете повеќе од вообичаено за да го растворите. Без никакви последици за вашето дете, згуснатата млечна формула Novalac Total Comfort + може природно да содржи некои бели агломерати од диететски влакна.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Состав на млечна формула Novalac Total Comfort +
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивната што пооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај, ве уверуваме дека сите Novalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac. Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Мајчиното млеко е најдобрата храна за бебиња. Novalac Total Comfort + мора да се зема под медицински надзор и да се дава само на доенчиња кои ги покажуваат симптомите за кои е наменет производот. Производот не е погоден за земање како единствен извор на исхрана по 6-тиот месец. Посебна претпазливост е потребна кај доенчиња со ослабен имунитет, предвремено родени бебиња или доенчиња со мала родилна тежина, како и кај алергиски реакции на млечни протеини. Неправилната подготовка или чување може да претставува ризик по здравјето. Производот не е погоден за парентерална употреба или за хранење со сонда.
Секогаш подготвувајте свеж оброк. Чувајте на суво место заштитено од светлина. Производот е најдобро да се употреби до датумот отпечатен на дното од лименката. По првото отварање на лименката, употребете ја содржината во рок од три недели. Цврсто затворете ја лименката по секоја употреба. Не чувајте оброк кој не е целосно искористен. Фрлете го остатокот.
Поврзани производи
Novalac Allernova AR
400 g
Бремените жени за Novalac Total Comfort +
Едукативни содржини

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.