уреднички тим Novalac

Плукање

Колку пати во текот на денот ја сменивте облеката кај Вашето бебе и колку жолтеникави дамки ја красат Вашата маичка? Неконтролирано истекување на млеко од устата и носот, односно бљуцкање во првите месеци од детскиот живот е сосема нормално и не претставува причина за грижа.

Бљуцкање се јавува кај голем број на бебиња и не значи дека станува збор за здравствен проблем. Може да се каже дека ќе треба да перете повеќе алишта, а немате многу време за истото. Иако имате чувство дека бљуцкањето никогаш нема да престане и дека Вашето бебе ја исфрла целата количина на храна која ќе ја изеде, но не грижете се. Оваа појава најчесто се смирува околу шестиот месец, а кај повеќето деца потполно исчезнува до крајот на првата година.

Веројатно досега сте се почувствувале беспомошно и безнадежно, но постојат разновидни начини да го смирите или да го спречите бљуцкањето, односно враќањето на храната кај бебето. Важно е да ги препознаете причините поради кои настанува бљуцкањето и да присвоите одредени навики кои на Вас и на Вашиот најмлад член на семејството ќе Ви го олеснат секојдневието.

Што е бљуцкање?

Бљуцкање кај доенчето се манифестира како неволно враќање на одредена храна (млеко) од желудникот во хранопроводот, а при тоа храната се излева од устата или носот.

Во книгите и останатата литература, можете да го пронајдете и поимот регургитација, кој може да се користи како синоним кога говориме за бљуцкање или враќање на храната. Обично се јавува веднаш или брзо по оброкот, а поретко за време на спиење.

Бидејќи бљуцкањето е неволно, бебето може да бљуцка и додека се смее, кашла, плаче или подригнува.

Бљуцкањето најчесто се јавува во првите месеци после раѓање и обично исчезнува до 12-от месец од животот, а само кај мал број на деца може да трае до вториот роденден.

Во тој период децата се доволно големи да јадат цврста храна, нивниот гастроинтестинален систем е потполно развиен и повеќе време поминуваат во седечка положба, што помага во движењето на храната. Иако изгледа загрижувачки, оваа појава е потполно природен дел од детскиот развој.

Истражувањата покажаа дека нема разлика помеѓу доените деца и децата хранети со адаптирано млеко. Кај сите доенчиња може да се појави бљуцкање или регургитација. Сепак, некои млечни формули имаат посебен состав кој со диететска регулација може да ја намали зачестеноста на бљуцкањето или враќањето на храната.

Почетната млечна формула Novalac AR Digest + е прилагодена за доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 6 месеци.

Majka drži svoju bebu u naručju i s ljubavlju je gleda.

Како да го препознаете враќањето на храната, бљуцкање?

Симптоми на бљуцкање кај доенчиња:

  • Редовно ја враќа храната, најмалку два пати на ден.
  • Бљуцка во период од најмалку три последователни недели.
  • Детето е помало од една година.
  • Бљуцкањето не е придружено со промени во однесување или симптоми на болест.

Количината на сварена храна варира кај бебињата. Кај некои истекува само мала количина на млеко од устата, а кај други излегува скоро цел оброк (или барем така изгледа). Во поголемиот број на случаи бебето ќе исфрли само една лажичка храна.

Доколку бебето покрај бљуцкањето нормално добива на тежина и не покажува промени во однесување, нема простор за грижа.

Бљуцкањето е ретко придружено со други симптоми. Доколку приметите било какви останати промени кај бебето, се препорачува да посетите лекар кој ќе го прегледа бебето и ќе Ве предупреди за евентуални проблеми.

Бљуцкање не е повраќање

Многу родители го заменуваат бљуцкањето со повраќање, но тоа се две потполно различни појави. Кај бљуцкање бебето без напор го исфрла испиеното млеко и тоа истекува од усните, а кај повраќање е присутен напор бидејќи стомачните мускули силно контрахираат и храната се исфрла во млаз.

Повраќањето скоро никогаш не е сама појава, туку симптом на одреден проблем со кој детето се соочува. Бидете посебно внимателни доколку повраќањето е често придружено со други симптоми кои можат да укажуваат на лоша здравствена состојба кај бебето:

  • Детето изгледа поинаку, лошо, поспано.
  • По повраќање повторно е весело и расположено.
  • Има зголемена температура и пролив.

Во тој случај е неопходна посета на лекар, како навремено би се открила причината за повраќање и правилно лекување на бебето.

Што предизвикува бљуцкање?

Причината за бљуцкање или враќање на храната најчесто се крие во неразвиените мускули на долниот дел на хранопроводот (сфинктер). Тоа е мускул помеѓу желудникот и хранопроводот кој е сеуште преслаб кај малите деца за да го ограничи истекувањето на храната назад во хранопроводот и кон устата.

Бебешкиот желудник сеуште не може правилно да испразни во цревата, односно треба да се причека гастроинтестиналниот систем потполно да се развие.

Покрај лошата функција на мускулот на сфинктерот, причина за бљуцкање е и дополнителниот притисок кој се чувствува поради неколку различни фактори:

  • ПРЕБРЗО ИЗЕДЕНА ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ХРАНА: Бебето може пребрзо да проголта премногу храна. Најчесто тоа се случува кога мајката има премногу млеко, а бебето е толку гладно што едноставно ја голта храната. При тоа може да проголта воздух, кој предизвикува често враќање на храната.
  • ПОРЕМЕТУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ХРАНЕЊЕ: Разни фактори од околината можат да го вознемират бебето за време на хранењето. Престанува да цица, гледа околу себе и голта поголема количина на воздух, што предизвикува бљуцкање.
  • ОСЕТЛИВОСТ НА ОДРЕДЕНА ХРАНА: Исхраната на доилките или детската осетливост на кравјо млеко може да бидат честа причина за почесто бљуцкање.

Дали бљуцкањето е опасно?

Бљуцкање е нормална појава за време на хранење на бебето во првите месеци. Бебето кое само бљуцка и кое е среќно пред, за време и по хранењето, континуирано добива на тежина и нема други симптоми на нелагодност.

Во одредени случаи може да се случи бљуцкањето да не е единствена појава, односно е само еден од симптомите на акутна болест – гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ).

Посетете лекар доколку покрај бљуцкање приметите :

  • губење на тежина кај бебето
  • необично движење на вратот и брадата, вртење на грб
  • отежнато голтање
  • одбивање на храна или губиток на апетит кај доенчето
  • повраќање
  • заглавување на храната
  • плач, вознемиреност, раздразливост или општа вознемиреност

Многу болести можат да имаат слични симптоми и затоа е потребно да се посети лекар кој ќе ја процени состојбата и ќе предложи лекување.

Majka doji bebu u vrtiću

Како можеме да му помогнеме на бебето кога бљуцка?

Кај едноставно бљуцкање доволна е само прилагодена исхрана. Се препорачува на бебињата кои имаат проблеми со бљуцкање да им се дава погуста храна. Сепак, потребно е да бидеме претпазливи!

Храната не смее да биде прегуста, зошто тоа може да го забави варењето и да го зголеми ризикот од бљуцкање. Разговарајте со Вашиот педијатар за правилен третман.

Почетната млечна формула Novalac AR Digest + е прилагодена за доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 6 месеци.

Бљуцкањето како непријатна појава обично престанува кога бебето почнува почесто да седи, јаде погуста храна и има развиени гастроинтестинални органи, што кај повеќето деца се случува до првата година од животот.

Иако бљуцкањето е сосема нормално за развојот на децата, постојат едноставни трикови со кои ќе можете да го смирите или пак да ја спречите оваа непријатна појава.

Пробајте го ова:

  • Потребно е бебето да јаде помали оброци неколку пати на ден. Не го терајте да го испие целото шишенце млеко до крај.
  • Променете ја положбата за време на доење. Обидете се да доите во полу седната положба и ставете го бебето на стомак, така што главчето ќе му биде подигнато над телото.
  • Држете го бебето во подигната положба по хранење и не го ставајте во кревет. Најдобро е бебето да го држите преку рамо најмалку 30 минути по хранење, без дополнителни активности.
  • Бебето редовно да подригнува, за време и непосредно по хранење, како би го исфрлило воздухот од стомакот.
  • Обидете се да доите во мирна и опуштена средина каде нема вознемирување. Тоа го релаксира бебето и ќе биде повеќе концентрирано на хранењето.
  • Престанете да пушите (доколку пак морате, не пушете во близина на детето).
  • Пелените и облеката не смеат да го притискаат бебето околу стомакот.
  • Заменете ја цуцлата од шишето, може да е преголема и преку неа бебето да голта големи количини на воздух.
  • Обрнете внимание на Вашата исхрана. Доколку приметите реакции на одредени намирници, тестирајте ги во наредните 14 дена и по совет со педијатар исфрлете ги од исхраната. Можеби станува збор за алергија или нетолеранција на лактоза.

Подгответе се за бљуцкање

Честото бљуцкање не е непријатно само за бебето, туку е стресно и за родителите. Доколку бебето често ја враќа храната, можете добро да се подготвите за оваа појава и со помош на овие трикови да го избегнете пресоблекувањето по секое хранење :

  • Кога го држите бебето во раце, ставете крпа или пешкир на рамото.
  • Облечете го бебето во комплет за спиење или боди кое лесно се заменува и пере.
  • Одредете место за доење (кауч, фотеља) и покријте ги со чаршав или пешкир кои можат да се исперат. Секогаш во близина имајте уште еден пешкир во случај да Ви притреба.
  • Покријте го седиштето во автомобилот со навлака.
  • Во детската торба секогаш имајте резервна облека и пластична кеса за валкана облека.

Интересни факти за бљуцкањето

  1. До 70% кај сите здрави бебиња се појавува бљуцкање, најчесто околу четвртиот месец возраст.
  2. Млечната формула со ознака AR е погодна за диететска регулација кај доенчиња кои често бљуцкаат.
  3. Бебињата може да бљуцкаат повеќе од шест пати дневно, некои дури и 12 пати.
  4. Сфинктерот на хранопроводот се развива на возраст од околу шест месеци.
  5. Главата на бебето треба секогаш да биде подигната над телото, дури и при спиење. Подигнете го креветот и ставете го детето на левата страна.
  6. Бљуцкањето може да почне веќе две недели по раѓање.

Кај доенчиња со бљуцкање се препорачува употреба на посебни млечни формули за доенчиња , кои содржиат пченкарен скроб за оптимално згуснување на храната.

Novalac AR Digest + mliječna hrana za dojenčad i malu djecu s bljuckanjem

Novalac AR Digest + содржи иновативен трокомпонентен згуснувач кој овозможува оптимално згуснување на храната во желудникот, извор е на влакна и, поради зголемената вискозност при неутрална pH вредност, покажува подобри желатинирачки својства во споредба со другите класични згуснувачи. Резултатот од дејството на трокомпонентниот згуснувач е намалување на бљуцкањето кај доенчињата и избалансирано варење на храната, а со тоа и нормално зголемување на телесната тежина.

Novalac AR Digest +, е формула погодна за посебна медицинска намена, диететски производ за доенчиња со регургитација. Novalac AR Digest + е почетно млеко за доенчиња, прилагодено на посебните нутритивни потреби на доенчињата со регургитација и проблеми со гастроезофагеален рефлукс. Novalac AR Digest + содржи единствена смеса за згуснување која комбинира скроб и диететски влакна за да ја намали регургитацијата.

Со употреба на млечната формула Novalac AR Digest + се намалува враќањето на храната и изложеноста на хранопроводот на киселата желудочна содржина која би можела да ја оштети слузницата на хранопроводот. Благодарение на прилагодениот состав, оваа млечна формула ги задоволува сите нутритивни потреби за нормален раст и развој на доенчето.

Извори:

  1. https://biogaia.si/uporabno/dojencki-in-malcki-od-rojstva-do-3-leta-starosti/polivanje/
  2. https://link.springer.com/chapter/10.1007/978-3-642-18906-7_7
  3. https://www.healthnavigator.org.nz/health-a-z/r/reflux-infant-child/#Overview
  4. https://www.texaschildrens.org/blog/why-my-baby-spitting-so-much-breast-milk
  5. https://www.healthychildren.org/English/health-issues/conditions/abdominal/Pages/GERD-Reflux.aspx
  6. https://www.niddk.nih.gov/health-information/digestive-diseases/acid-reflux-ger-gerd-infants/symptoms-causes
  7. https://aboutkidsgi.org/upper-gi/infant-regurgitation/
  8. https://www.healthline.com/health/baby/baby-spit-up#what-is-it

Zanimljiv video

Прочитај повеќе

Група експерти подготви бројни теми во кои одговараат на најчесто поставените прашања за зачнување, бременост и почетниот период од мајчинството.

Придружи се во Novalac клубот

Со зачленување во Novalac клубот добивате:

  • E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
  • Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
  • Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.