Запек кај доенчиња и деца
Најмладиот член на семејството со себе донесе многу убави промени – денови полни среќа и радост, нов начин на запознавање на светот и многу љубов. Меѓутоа, едно помалку пријатно изненадување се бројните валкани пелени кои морате секојдневно да ги менувате. Но што да се направи кога валканите пелени ќе исчезнат, а Вашето бебе плаче од болки секој пат кога оди по голема нужда?
Доенчето најверојатно има запек, кој може да биде последица од разни промени во неговиот живот. Бидејќи доенчето не може да Ви каже колку го боли и му смета, тоа ќе ви покаже на разни начини. Затоа е важно внимателно да се следи како се (не) валкаат пелените кај Вашето дете.
Овој период може да биде стресен и за детето и за родителите и затоа обидете се да останете мирни и прибрани. Запекот во поголемиот број на случаи е еден од секојдневните проблеми и може брзо да се реши со неколку промени.
Што е запек?
Запек е промена во зачестеноста, големината и густината на излачената столица. Кај здравите бебиња бројот на празнења на цревата се намалува со возраста. Во првите недели по раѓање доенчето може да има столица и до четири пати дневно, а понекогаш и по секој оброк.
До втората година се намалува на просечно 1.7 празнења на цревата дневно, а до четвртата година од животот на 1,2, што е исто како и кај возрасните луѓе.
Запекот кај новороденчиња и доенчиња е честа и сосема нормална појава која лекарите брзо ја препознаваат. Општа дефиниција за запек е број на празнења помал од два пати неделно, при кои столицата е тврда, сува, налик на топчиња или со пукнатини на површината.
Многу млади родители се загрижени поради запекот кај нивните деца и посетуваат педијатар или детски гастроентеролог. Запекот е честа појава кај околу 30 % од доенчињата, со подеднаква зачестеност кај девојчиња и момчиња.
До возраст од шест месеци околу 15% од децата имаат запек.
Kако да препознаете запек кај доенчиња?
Запекот е исклучително стресен за детето и му предизвикува голема непријатност и болки.
Можете да го препознаете по три фактори:
- цврста столица
- болки при празнење на цревата, често проследени со плач
- нередовно и поретко празнење на цревата (два пати неделно или помалку)
Запекот е поредок кај доенчиња кои се доени. Бидејќи мајчиното млеко делува како природен лаксатив, нивната столица е со светло жолта боја и најчесто со мека конзистенција. Доенчињата кои се на мајчино млеко ги празнат цревата веднаш по хранење, а повозрасни доенчиња можат да издржат и неколку дена без да ги наполнат пелените.
Додека столицата е мека, не станува збор за запек.
Доколку неодамна сте прекинале со доење и го навикнувате детето на млечна формула, можете кај детето да приметите одредени промени во празнење на цревата. Столицата може да стане густа, поцврста или може да ја промени бојата, а при тоа детето може да има и проблеми со гасови.
Симптомите на запек кај доенчиња и деца се слични со оние кај возрасните, но возрасните полесно ја опишуваат својата состојба. Затоа е исклучително важно родителите да ја следат состојбата кај детето и редовно да ја проверуваат неговата столица.
Доколку приметите промени, добро би било да го информирате педијатарот.
Бидете особено внимателни доколку приметите:
- поголеми парчиња во столицата
- трагови од крв во столицата
- надуеност и тврд стомак кај детето
- раздразливост и нелагодност кај детето
- празнење на цревата кое трае подолго од 10 минути, со напор, често без посакуваниот резултат
- често враќање на храна или повраќање
И покрај фактот дека главниот симптом на запек е променета рутина во празнење на столицата, секое дете е поинакво, а при тоа е сосема нормално зачестеноста на столицата да се менува со годините. При тоа, добро запознајте го Вашето дете и неговите навики, како најдобро би процениле кога ќе се појават отстапувања.
Дали запекот е опасен за доенчето?
Запекот е најчесто краткотрајна и безопасна тегоба која не остава трајни компликации кај детето. Но, може да се случи тегобите да не исчезнат и да премине во хроничен запек. Во тој случај може да дојде до сериозни проблеми кои можат да се спречат со рана дијагноза.
Доколку запекот трае подолго од две недели задолжително да се посети лекар, посебно за дете кое:
- има зголемена температура
- одбива храна
- губи телесна тежина
- има траги од столица на долната облека или на пелените
- не напредува и не се развива спрема очекувањата
Кај хроничен запек кај детето, посебно кај повозрасно, може да се влезе во затворен круг од кој тешко се излага. Бидејќи родителите можат прекасно да ги препознаат знаците на запек, детето може да има проблеми и по неколку месеци, што може да има долгорочни последици. Времето на лекување најчесто трае колку и периодот на запек, а само успешно лекување може да го прекине тој круг.
ПОЧЕТНА СОСТОЈБА
ХРОНИЧНА СОСТОЈБА
Хроничниот запек се лекува, но може да има последици кои негативно делуваат на детето:
- болни пукнатини на кожата околу аналниот отвор
- подолго задржување на столицата
- истекување на столицата (инконтиненција)
Што предизвикува запек кај детето?
Причинители на запек можат да бидат органски или функционални (практични). Органските фактори се исклучително ретки и се јавуваат кај помалку од 5 % од доенчињата; треба клинички да се докажат.
Меѓу нив спаѓаат:
- Хиршпунгова болест
- хипотиреоза
- хиперкалцемија
- спина бифида или спина бифида окулта
- лекови кои предизвикуваат запек (на пр. опијати), посебно кај деца со нарушувања во развој или однесување
Функционалните фактори се многу чести и се причинители на запек кај повеќе од 95 % од децата.
Поради тоа на појава на запек кај децата можат да влијаат и:
- ЗАДРЖУВАЊЕ НА СТОЛИЦА
Поради болките предизвикани при празнење на цревата детето се плаши од тоалет или избегнува одење во тоалет. Некои деца дури не сакаат да ја прекинат играта поради претходно искуство и попрво би „трпеле“.
- ПРОБЛЕМИ СО НАВИКНУВАЊЕ НА САМОСТОЈНА УПОТРЕБА НА ТОАЛЕТ ИЛИ НОКШИР
Доколку почнете пребрзо да го навикнувате на нокшир или тоалет, детето може да пружи отпор и да почне да ја задржува столицата. Потребата за одење во тоалет може брзо да прерасне од чин на бунтување во несвесен проблем кој тешко се решава.
- ПРОМЕНИ ВО ИСХРАНА
Децата кои не внесуваат доволно влакна, зеленчук и течности имаат поголеми шанси за запек. Овој проблем е често присутен при преод на тврда храна на возраст од четири до шест месеци.
- ПРОМЕНА НА ДНЕВНИ НАВИКИ
Секоја промена во животот на детето може да влијае на неговиот метаболизам. Тоа вклучува патувања, промена на времето, селидба или некаков стрес, но често на појавата на запек влијае и почетокот на поаѓање во градинка. Некои деца не сакаат да користат јавни тоалети, што дополнително влијае до појава на запек.
- АЛЕРГИЈА НА КРАВЈО МЛЕКО
Алергија или интолеранција на лактоза можат да влијаат на појава на запек, но исто така и прекумерна консумација на млечни производи. Повеќе за тоа прочитајте овде.
- ИСХРАНА СО ТЕЧНА МЛЕЧНА ФОРМУЛА
Доенчето кое не е на доење е повеќе склоно на запек бидејќи млечната формула е густа и често тешко сварлива. Внимавајте на тоа каква формула користите, треба да е погодна за доенчето и да има благотворен ефект на неговиот метаболизам.
Novalac IT е почетна млечна формула прилагодена за доенчиња со запек од раѓање до 6 месеци ако мајката не дои.
- ПРЕМАЛКУ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Доколку детето не се движи доволно и често седи, тоа може да предизвика запек. Физичката активност го забрзува метаболизмот и недостатокот на активност може да доведе до забавено варење.
- ГЕНЕТИКА
Децата кои имаат роднини со слични тегоби се склони кон запек.
Како можеме да му помогнеме на доенчето кое има запек?
На развојот на детето влијаат бројни биолошки, психолошки и друштвени фактори, кои исто така можат да придонесат за запек доколку се зголемува стресот кај детето. На детето најважно е да му обезбедите мирна средина за раст и развој и редовно да го следите полнењето на пелената или одење во тоалет.
Во случај на запек кај детето каде лекарска помош не е потребна, на детето можете да му помогнете со домашни лекови или промена на навиките:
- КОНСУМАЦИЈА НА ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ТЕЧНОСТИ
Кај запек столицата е тврда и сува. Течноста ја прави столицата помека и затоа одењето во тоалет е полесно и безболно. Се препорачува вода, а кај повозрасни деца можете да воведете и чај.
Доколку го храните доенчето со млечна формула со шише, проверете го упатството за подготовка. Можеби не додавате доволно вода или додавате премногу прашок.
- ПОЧЕСТО ДОЕЊЕ
Доколку доите, можете да пробате да доите повеќе пати дневно. Пред тоа секако разговарајте со лекар. Дополнително помага внес на диетални влакна во исхраната на мајката.
- ЗАМЕНЕТЕ ЈА МЛЕЧНАТА ФОРМУЛА
Доколку доенчето го храните со формула со шише, советувајте се со Вашиот педијатар и сменете ја млечната формула со соодветна.
- ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ДИЕТАЛНИ ВЛАКНА
Нашиот организам не може да ги свари влакната, но се обидува. На тој начин се забрзува метаболизмот, што корисно влијае на запекот. Во исхраната на детето по навршени шест месеци се додава се повеќе цврста храна, пред се овошје, зеленчук, житарици и мешунки. Вашето малечко најдобро е да започне да се храни со јаболка, круши или грашок.
- РЕДОВНА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Поттикнете го детето да се движи што е можно повеќе. Всушност, физичката активност го забрзува метаболизмот. Кајдоенчето можете да помогнете и сами – движете му ги ноџињата и масирајте му го стомачето. Тоа ќе ги релаксира мускулите и ќе го забрза варењето.
- СОЗДАДЕТЕ РУТИНА ВО ОДЕЊЕ ВО ТОАЛЕТ
Одењето во тоалет или седењето на нокшир може да биде исклучително тешко за детето, посебно доколку се присутни страв или болки. Создадете навика на одење во тоалет кои ќе го смират детето и ќе го поттикнат на одење во тоалет и истото да не го заборави.
Никогаш не му давајте на детето лаксативи, супозитории или клизма без консултација со лекар или педијатар.
Интересни факти за запекот
- Доколку го храните доенчето со млечна формула, прво сипете вода во шишето, а потоа додадете прашок.
- Само на тој начин ќе му дадете соодветна количина на течност.
- Одењето на лекар поради запек чини дури 5 % од сите посети кај лекарот.
- Топла купка може да помогне во опуштање на мускулите, но бидете внимателни. Доенчето може да ја испушти столицата и во када.
- Доколку детето со навршени 6 месеци возраст одбива храна богата со влакна, исечете ја ситно, додадете ја во кашичка и понудете му ја на детето.
- Избегнувајте чоколада, морков и банана во Вашата и во исхраната на детето.
- Доенчиња кои се доени можат да имаат столица повеќе пати на ден или само еднаш неделно. Тој распон е потполно нормален.
Novalac IT е почетна млечна формула прилагодена за доенчиња со запек
Novalac IT млечната формула е прилагодена за доенчиња со запек од раѓање до 6 месеци, ако мајките не ги дојат. Ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци.
Novalac IT е наменет за доенчиња кои често имаат тврда столица, кои имаат столица помалку од 2 пати неделно и имаат проблем со празнење на цревата (плачат и силно се напнуваат).
Зголемена количина на магнезиум привлекува вода и на тој начин ја омекнува столицата, го зголемува волуменот на столицата, влијае на перисталтиката на цревата и со тоа овозможува полесно празнење на цревата.
Предности на употреба на млечна формула за доенчиња со запек:
- Омекнување на столицата и празнење на цревата.
- Зголемената количина на лактоза делува пребиотски – добра храна за корисни цревни бактерии.
- Поголемата количина на магнезиум ја зголемува перисталтиката (подвижност) на цревата и со тоа се олеснува празнењето на цревата.
Зголемената количина на лактоза има двојно дејство: привлекува вода во дебелото црево и на тој начин ја омекнува столицата, а истовремено има пребиотски ефект, бидејќи како храна за корисни бактерии во цревата се забрзува нивното размножување и со тоа се зголемува волуменот на столицата. Лактоза (млечен шеќер) во дебелото црево ферментира во млечна киселина, која ја зголемува перисталтиката на цревата и со тоа се олеснува празнењето на цревата.
Млечната формула е погодна за сите доенчиња со запек од раѓање до возраст од 36 месеци. Ги задоволува сите нутритивни потреби кај доенчиња до 6 месеци, а по 6 месечна возраст станува дел од разновидната исхрана.
Извори:
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7052003/#ref2
- https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/constipation-in-children/symptoms-causes/syc-20354242
- https://www.healthline.com/health/baby/newborn-constipation-formula-fed#switching-to-formula
- https://www.healthline.com/health/constipation-in-kids#treatment
- https://www2.hse.ie/conditions/child-health/constipation-in-children/constipation-in-children.html
- https://www.nationwidechildrens.org/conditions/constipation-infant
- http://www.novalac.com/dietary-solutions/gastro-intestinal-disorders?language_content_entity=en

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.