уреднички тим Novalac

Зошто е важно железото за време на бременоста?

Железото придонесува за нормален транспорт на кислород во телото и создавање на крв. За време на бременоста, потребата за железо се зголемува, што е важно бидејќи железото придонесува за нормално формирање на црвените крвни зрнца и хемоглобинот, игра улога во процесот на клеточната делба; придонесува за нормална когнитивна функција и нормална функција на имунолошкиот систем; претставува  важен фактор кај некои ензими.

А што се случува при недостаток на железо?

Потребите на трудниците се зголемуваат за 20%. Недостатокот на железо го зголемува ризикот од предвремено породување и пониска родилна тежина на детето.

Недостатокот на железо може да предизвика анемија кај мајката, намалена имунолошка отпорност, јак замор, недостаток на концентрација и нарушувања во исхраната. Железото има клучна улога и во здравиот физички и ментален развој на плодот, како и во формирањето на плацентата.

posledici-nedostatok-na-zelezo-vo-bremenost

Како да знаете дека го немате доволно?

За следење на нивото на железо, вашиот гинеколог ќе ви препорача да направите тестови преку крв.

Во секој случај се препорачува да се води сметка за превенција, односно да се додава висококвалитетно железо со висока апсорпција, како додаток во исхраната.

Совет: побарајте микроинкапсулирано железо кое не го иритира желудникот и не предизвикува гастроинтестинални тегоби.

Микроенкапсулацијата е посебен технолошки процес во кој молекулите на железо пирофосфат се завиткани во обвивка од пченкарен скроб и сончогледов лецитин за да се намалат неговите органолептички својства.

Најчестиот проблем со производите од железо е непријатниот метален вкус. Сепак, технологијата на микроенкапсулација што се користи во микрокапсулите Lipofer® го елиминира карактеристичниот метален вкус на растворите од железо.

Неговиот уникатен систем за испорака на микроенкапсулација спречува интеракција со други состојки на храната. Така, високо чувствителните состојки на храната, како што се витамините или незаситените масни киселини, се заштитени од оксидативниот ефект на слободното железо. Крајниот производ е стабилен и ги задржува своите хранливи и сензорни својства во текот на целиот рок на траење.

Микрокапсулите Lipofer® се стабилни во кисели услови и издржуваат високи температури.

Доколку во било кој период од бременоста се утврди сериозен недостаток на железо, консултирајте се со гинеколог за дополнителна суплементација која е поголема од превентивното додавање на железо со помош на додатоци во исхраната.

А пред бременоста?

Недостатокот на железо за време на планирањето на бременоста ги намалува шансите за бременост. Со превенција, можеш да обезбедиш твоето тело да биде оптимално подготвено за почеток на бременоста.

На што треба да обрнете внимание?

Кај железото, важно е дневниот внес да биде што поблиску до 16 mg, бидејќи прекумерното внесување на железо може да предизвика предвремено раѓање или помала родилна тежина на детето.

Сепак, прекумерното внесување на железо преку храната е практично невозможно. Посебно внимание е потребно при употреба на лекови со повисоки дози на железо. Тоа ќе го одреди гинекологот врз основа на тестовите на крвта.

До 70% од жените забележуваат непријатни несакани ефекти кога земаат железо како додаток во исхраната.

При превентивно додавање на железо, многу е важно да се избере производ кој:

  • не го надразнува желудникот, не предизвикува запек и други гастроинтестинални тегоби
  • има висока апсорпција
  • не остава метален вкус во устата
  • ја спречува оксидацијата на незаситените масни киселини и витамини

Што е железо LIPOFER®?

Најчестиот проблем со производите од железо е непријатниот метален вкус. Сепак, технологијата на микроенкапсулација што се користи во микрокапсулите Lipofer® го елиминира карактеристичниот метален вкус на железото.

Не заборавајте на здравата исхрана: вклучете храна која содржи железо

Црвено месо (говедско, јагнешко), изнутрици, мешунки (леќа, грав, грашок), јаткасти плодови и семки, производи од интегрални житарки, анасон, зелка.

Литература:

  1. Haiden, N. Prehrana prvih 1000 dni, Priročnik za nosečnice in matere, knjižica. 2019.
  2. EFSA NDA Panel (EFSA Panel on Dietetic Products, Nutrition and Allergies), 2015. Scientific Opinion on Dietary Reference Values for iron. EFSA Journal 2015; 13 (10):4254, 115 pp.
  3. Chavarro et al. Iron intake and risk of ovulatory infertility. Obstet Gynecol. 2006 Nov;108(5):1145-52.
  4. DeLoughery. Safety of Oral and Intravenous Iron. Acta Haematol. 2019;142(1):8-12.
  5. Lipofoods, data on file, 2015.

Прочитај повеќе

Група експерти подготви бројни теми во кои одговараат на најчесто поставените прашања за зачнување, бременост и почетниот период од мајчинството.

Придружи се во Novalac клубот

Со зачленување во Novalac клубот добивате:

  • E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
  • Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
  • Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.