Нова млечна формула? Дајте му време на вашето бебе да се навикне на неа
Кога барате најдобра исхрана за вашето бебе, доењето е најдобриот избор секогаш кога е можно. Мајчиното млеко е целосно прилагодено на потребите на доенчето и не може со ништо во целост да се замени.
Сепак, понекогаш се јавуваат ситуации кога треба да се одлучите за млечна формула. Тогаш изборот на вистинската млечна формула е исклучително важен, особено ако доенчето има и гастроинтестинални проблеми, како што се регургитација, запек или колики.
Во тој случај може да ви помогне адаптирана млечна формула со посебен регистарски статус која не е наменета само за хранење доенчиња, туку и за решавање на чести гастроинтестинални проблеми. Составот на оваа млечна формула е внимателно прилагоден за да помогне во решавањето на проблемот.
За доенчиња без гастроинтестинални проблеми, постои млечна формула која ги задоволува сите нутритивни потреби на детето од раѓање до 6 месеци и овозможува негов оптимален раст и развој, а може да се користи до 3-годишна возраст.
Колку време му е потребно на доенчето да се навикне на новата млечна формула?
Многу родители се грижат ако нивното бебе не ја прифати веднаш новата млечна формула. Но, на повеќето бебиња им треба време да се навикнат на новата формула – обично најмалку 3 до 5 дена, а на почувствителните доенчиња може да им треба една недела или повеќе.
Бидете трпеливи и кај почетокот на делување на специјално адаптираната млечна формула. Ефектот од млечната формула обично станува видлив дури по 5-7 дена редовно хранење.
Ако премногу брзо ја промениме млечната формула или ја измешаме специјално адаптираната млечна формула со друга млечна формула, ефикасноста на специјално адаптираната млечна формула може да се намали, а времетраењето на гастроинтестиналните проблеми да се продолжи. Мешањето, всушност, го намалува ефектот на специјално адаптираната млечна формула, па затоа е важно исхраната на детето целосно да се замени со неа.
Што е специјално адаптирана млечна формула?
- Има посебен регистарски статус;
- Наменета е за исхрана на доенчиња како единствен извор на храна до 6-месечна возраст, а подоцна и како додаток на цврста храна;
- како универзална млечна формула, содржи и витамини, минерали, DHA;
- поради својот специјално адаптиран состав, наменски решава проблеми како што се гастроинтестинални нарушувања, грчеви, надуеност и друго. Како? Содржи повеќе или помалку лактоза, повеќе магнезиум, додаден е згуснувач итн.
Специјално адаптирана млечна формула е наменета само за најмладите деца кога доењето не е можно и затоа има посебен регистарски статус. Поради тоа, законски гледано, за специјално адаптирана млечна формула не се дозволени промоции, промотивни пакети и попусти.
Што треба да се запомни кога се користи млечна формула?
- Потребни се неколку дена (3–5 дена или повеќе) за доенчето да се навикне на новата млечна формула.
- Бидете упорни и нудете му на ја детето новата млечна формула најмалку 5–7 дена пред да процените дали му одговара на вашето бебе и да го видите нејзиниот ефект.
- Не мешајте специјално адаптирана млечна формула со друга млечна формула ако сакате млечната формула навистина да ви помогне.
- Во случај на гастроинтестинални проблеми, изберете млечна формула која, освен што го храни детето, помага и во решавањето на проблемите со кои се среќавате.
- Доколку имате прашања, секогаш консултирајте се со вашиот педијатар или фармацевт.
Запомнете: секоја промена бара време – дури и кај нашите најмлади. Со трпение, разбирање и вистински информации, можете да му помогнете на доенчето да се чувствува подобро.
При изборот на млечна формула, треба да побарате совет од специјалист од областа на медицината, фармацијата или исхраната, или од друго стручно лице кое е одговорно за грижата на мајката и детето.

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.