Колики
Едно од првите потешки искушенија кај младите родители претставува беспомошниот поглед на нивното бебе кое неутешно плаче и се грчи од болки во првите недели по раѓањето. Грчевите во стомакот или колики се добро познат ноќен кошмар со кој се среќаваат барем една петина од родителите. Во првите денови по раѓањето, секоја мајка и татко сакаат да создадат мирна и убава средина за новиот член на семејството, но плановите често им ги расипуваат коликите или грчеви. Поради тоа добро е да се знае што предизвикува незапирлив плач кај доенчето и како да му се помогне полесно и помирно да го помине првиот период од неговиот живот.
Со новороденчето секој ден е поинаков, непредвидлив и полн со исклучителни моменти. Во првата година по раѓањето доенчето ревносно расте и се развива.
Доколку е здраво и весело, најбрзо ќе расте во првите месеци и веќе до шестиот месец од животот двојно ќе ја зголеми тежината која ја имало при раѓање, а до првиот роденден дури и тројно да ја зголеми тежината.
Поради тоа соодветна храна за доенчето е неопходна во текот на првата година, а со неа потребно е да добива и соодветни хранливи материи.
Доењето е најквалитетен и потполно природен начин на хранење на новороденчето, при што од исклучителна важност претставува и исхраната на мајката. Мајчиното млеко е полно со хранливи материи за доенчето, но содржи и лактоза, која може да биде тешко сварлива за доенчето.
Начинот на хранење, количината на храна и состав на млекото се фактори кои можат да влијаат на појава на колики кај доенчето, но точната причина е многу тешко да се одреди.
Во оваа статија ќе Ви ги претставиме можните причини за појава на колики или грчеви, како да ги препознаете и ублажите, односно ќе споделиме со Вас неверојатни сознанија кои ќе Ве смират и ќе Ве уверат дека не сте сами.
Што се колики?
Експертите сеуште не се потполно едногласни во дефинирање на коликите, но повеќето од истражувањата го користат Wesselo-то „правило 3“ од 1954. * година.
Wessel и соработниците ги дефинирале коликите како врв на раздразливост, вознемиреност или плач кај доенчето кое трае повеќе од 3 часа дневно, се јавува најмалку 3 дена неделно и траат најмалку 3 недели.
Во последно време оваа дефиниција полека се напушта и се зема во предвид 3 часа или повеќе неутешен плач дневно, барем 3 дена во текот на неделата.
Коликите се јавуваат кај 10-30% од новороденчињата, најчесто во шестата недела по раѓањето, а кај некои и неколку дена по раѓањето.
Младите родители го забележуваат долготрајниот период на незапирлив плач, најчесто по пладне или пред вечерните часови, кои можат да следат по хранење или да започнат без причина.
Периодот кој за многу родители и деца е еден од повеќе стресните, обично завршува на возраст до четврти или петти месец на доенчето. Коликите може да се појават кај сите новороденчиња, дури и кај оние кои се потполно здрави и немаат никакви останати проблеми.
Раздразливост и плач се детскиот начин на комуникација со родителите дека нешто не е во ред. Всушност, коликите се ненадејни болки во стомакот. Покрај болките, доенчето може да има и запек и надуеност, а коликите се често придружени со надуеност и гасови.
Според класификацијата на критериумите на ROME IV** коликите се едни од функционалните нарушувања во гастроинтестиналниот систем во детството.
Како да ги препознаете коликите?
Веќе споменавме дека незапирливиот плач, раздразливост и вознемиреност, за бебето се сосема нормални начини на комуникација со родителите.
Како тогаш да ги разликуваме коликите од секојдневниот плач и кои други симптоми укажуваат дека Вашето бебенце има грчеви?
- Плачот поради болки во стомакот е поинаков бидејќи е погласен, појак и поинтензивен, а доенчето не може да заспие, ниту да се смири.
- Плачот е придружен со црвенило на лицето, а околу устата се појавува бледило.
- Поради запек стомачето на доенчето е поголемо од вообичаено, не може да ја испразни столицата и често испушта гасови. Доенчето ги стиска рачињата во тупаница, а ноџињата ги витка и притиска бидејќи на тој начин му се намалуваат болките.
- Ноџињата се ладни на допир.
- Иако бара дојка или цуцла, веднаш ја одбива.
Во ваква состојба доенчето тешко се смирува и тешко заспива. Дури и да успеете да го заспиете, многу брзо ќе се разбуди. Помага доколку подригне или успее да ја испразни столицата, но само накратко.
Во продолжение ќе Ви претставиме неколку начини за ублажување на болките, а при тоа не заборавајте да останете смирени, бидејќи болките брзо ќе поминат.
Што ги предизвикува колики?
Иако коликите се јавуваат кај многу доенчиња, помеѓу експертите сеуште не е познато нивното точно потекло. На нивната појава влијаат бројни фактори, како што се родителите и околината на доенчето.
Во продолжение ќе Ви ги наброиме неколку можни причини за појава на колики, кои ќе Ви помогнат да ја пронајдете причината за појава на колики и кај Вашето бебе:
- НЕРАЗВИЕН ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН СИСТЕМ: Главниот јаглен хидрат во мајчиното млеко е лактозата, која што ензимот лактаза во гастроинтестиналниот систем на детето мора да ја разгради на две компоненти за да може да се свари. Вишокот (непрекината) количина на лактоза која доенчето ја добива од мајчиното млеко или млечните формули и не може да ја свари поради недостаток на лактаза ферментира во тенкото црево, создавајќи гасови. Тие се причината за надуеност и гасови кои се чести придружници на коликите и придонесуваат за нелагодност кај доенчињата.
- ПРЕЈАДУВАЊЕ: Понекогаш може да се случи детето да консумира поголема количина на храна. Дури ако тоа не е често, преголемата количина на храна може да предизвика гастроинтестинални тегоби, гасови и прекумерна телесна тежина. Потрудете се да го храните доенчето само на една дојка, бидејќи на тој начин ќе добие најмногу хранливи материи, а истовремено научете како да ги препознаете знаците дека бебето е сито. Но пред се, внимавајте доенчето да не заспие за време на хранењето, бидејќи на тоа може да се навикне, па можеби ќе сака да јаде и кога е поспано.
- ГРЕШКИ ВО ХРАНЕЊЕ: Без разлика на тоа дали го храните доенчето со доење или со млечна формула со шише, коликите можат да се појават. Доенчето за време на хранење проголтува премногу воздух, што предизвикува надуеност. Тоа најчесто се случува кај бебиња кои се хранат со шише со голем отвор и оние кои што јадат лакомо.
- СРЕДИНА: Доенче во стресна средина има повеќе можност да му се појават колики. Коликите се веројатни и доколку доенчето е изложено на дим од цигари или доенчиња чија мајка пати од пост родилна депресија.
- ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ЛАКТОЗА: Интолеранција на лактоза кај детето може да биде присутна поради моментален недостаток на ензимот лактаза, како што е опишано во првата точка, а се работи за временски ограничен период. Меѓутоа, детето може да има интолеранција на лактоза која ќе трае до крајот на животот, бидејќи има недостаток на лактаза во телото. Повеќе за интолеранција на лактоза, прочитајте ОВДЕ.
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ОДРЕДЕНА ХРАНА: За време на хранење со мајчино млеко, доенчето ја консумира храната која ја консумира мајката. Поради тоа коликите можат да бидат и алергиска реакција на одредени состојки од исхраната на мајката, најчесто на јајца и на кравјо млеко. Чувствителност на одредена храна најчесто е минлива, но пожелно е во тој случај мајката за време на доење да следи која е проблематична храна, која после разговор со педијатарот треба да ја повлече од исхраната на одреден период. Доколку се сомневате на алергија на одредена храна, консултирајте се со Вашиот педијатар.
- СЕРИОЗНИ ТЕГОБИ: Коликите најчесто се безопасни и проаѓаат сами од себе, но сепак може да укажуваат на некои сериозни проблеми кај доенчето. Доколку се појават, препорачуваме да се обратите на педијатар и да разговарате со него.
Дали коликите се опасни?
Коликите сами по себе не се опасни за поголемиот број на доенчиња и поминуваат сами. Меѓутоа, симптомите на коликите можат да укажуваат и на некои други тегоби. Затоа се препорачува посета на педијатар кој ќе ја потврди Вашата дијагноза и ќе Ве советува како да ги ублажите болките.
За време на посетата можете да направите преглед кој ги открива причините за коликите или укажува на други тегоби, односно болести кај бебето.
Како да му се помогне на детето во случај на колики?
Меѓутоа, ситуацијата не е толку безнадежна. Постојат повеќе начини со кои можете да се обидете да го смирите доенчето и ги ублажите болките предизвикани од коликите.
- Педијатрите за коликите често препорачуваат пробиотски капки со сој Lactobacillus rhamnosusGG. Повеќе за капките, прочитајте ОВДЕ.
- Доколку го доите детето, секако се препорачува да продолжите со доење, а селективна диета не се препорачува на мајката, односно само совети од педијатар. Доколку го храните доенчето со млечна формула, заменете ја со формула со прилагоден состав, со намалена количина на латкоза.
Заменете со посебно прилагодено млеко за доенчиња со колики, со намалена содржина на лактоза која е прилагодена на гастроинтестиналниот капацитет на тенкото црево; поради тоа се намалува создавањето на гасови.
- Пробајте со цуцла ако детето ја прифаќа. Можеби ќе можете да приметите и дека ја цица сопствената дланка.
- Масирајте го стомачето на детето во правец на стрелките на часовникот, за да го опуштите.
- Завиткајте го убаво, да му биде пријатно, ставете го во колевка и изгаснете го светлото.
- Земете го во раце и нежно нишајте го и шетајте го наоколу.
- Ставете го во автомобил или количка и возете го додека не заспие.
- Некои бебиња се смируваат од силни звуци, како звук од правосмукалка, миксер или аспиратор во кујна.
- Направете му чај за деца од билки (ким, камилица, анасон) за ублажување на грчеви и надуеност.
- Создадете рутина на хранење и внимавајте доенчето за време на хранењето да не голта премногу воздух.
- Во Вашите раце поставете го на стомак и тапкајте го по грпчето.
- Нека подригне или нека проба да ја испразни столицата.
- Подгответе му топла купка, како би ги ублажиле болките.
Секое доенче е единствено мало чудо и сите горенаведени совети нема да бидат соодветни за секое дете. Вие најдобро го познавате своето бебе и одберете ги само оние кои одговараат на неговите и Вашите потреби.
Некои млади родители брзо откриваат дека не помага ништо и дека ќе мораат да причекаат да пројдат стресните месеци. Тој период е напорен за родителите, поради тоа е важно да ги поделат обврските и потребно е да комуницираат, бидејќи и нивниот однос исто така може да биде под стрес.
Интересни факти за коликите
- Спротивно на досегашното мислење, диетална исхрана (избегнување на одредени намирници) без докажани детски алергии е штетна за детето и за мајката. Со диетална исхрана мајката внесува помалку потребни хранливи материи и состојки кои се неопходни за нивниот здрав развој, но во исто време нема да добие доволно енергија која е неопходна и потребна во текот на првите три месеци.
- Млечната формула со име АС (против колики или на англискиanti-colic) има прилагоден состав за доенчиња со колики, на пр. намалена количина на лактоза.
- Нема разлика во зачестеноста на коликите помеѓу доенчињата кои се на доење и оние кои се хранат со млечна формула.
- Коликите се појавуваат подеднакво често кај сите полови, раса и социоекономски статус на доенчињата.
- Се смета дека само околу 4% од сите возрасни се алергични на кравјо млеко.
- Коликите можат да се појават неколку дена по раѓање.
Novalac AC – Млечна формула за доенчиња и мали деца со колики
Храна прилагодена за посебни здравствени намени за регулирање на колики кои се во облик на болки во стомакот, гасови и надуеност.
Кај дете со колики потребна е диета во два чекори:
- да се намали внесот на лактоза кај доенчето до таа мера да може да ја свари
- заменете ја секрецијата на лактоза со други, лесно сварливи јаглехидрати за доенчиња
Млечната формула e создадена за да обезбеди оптимален раст и развој кај доенчето и да ги спречи коликите. Се состои од лактоза и малтодекстрин, лесно сварливи јаглехидрати кои го компензираат изгубениот дел од лактозата и не предизвикуваат гастроинтестинални тегоби.
Млекото кое е комплетно без лактоза не би било погодно за доенчиња, бидејќи лактозата е неопходна за апсорпција на минерали и делува поволно на развојот на гастроинтестиналната флора, што допринесува за подобро здравје. Поради тоа, содржината на лактоза во млечната формула, освен во случај на интолеранција на лактоза, е неопходна за здрав развој на доенчето.
Формулата исто така содржи и пребиотик (GOS) кој е сличен на олигосахаридите присутни во мајчиното млеко. Се постигнува раст на добрите бактерии во цревата, со што може да се намали бројот на инфекции и да се спречат алергиите.
Млечната формула е погодна за доенчиња од раѓање до возраст од 36 месеци. Ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата до возраст од 6 месеци, а потоа е дел од разновидната исхрана. Формулата е збогатена со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува сите важни аминокиселини, минерали и витамини.
Извори:
- * Wessel et al. Paroxysmal fussing in infancy, sometimes called colic. Pediatrics. 1954 Nov;14(5):421-35.
- ** Zeevenhooven et al. The New Rome IV Criteria for Functional Gastrointestinal Disorders in Infants and Toddlers. Pediatr Gastroenterol Hepatol Nutr. 2017;20(1):1-13. doi:10.5223/pghn.2017.20.1.1
- https://journals.lww.com/jpgn/Fulltext/2016/05000/Infant_Colic_What_works__A_Systematic_Review_of.3.aspx
- https://www.carso.si/nasveti/clanek/kolike-ali-je-morda-krivo-mleko
- https://www.abczdravja.si/nosecnost-in-otroci/kolike-nocna-mora-starsev/
- https://www.lekarnar.com/clanki/trebusni-krci-ali-kolike-pri-dojencku
- https://www.nasa-lekarna.si/clanki/clanek/kolike-nocna-mora-mladih-starsev/
- https://www.medicalnewstoday.com/articles/162806#home-remedies
- https://www.healthline.com/health/colicky-pain#treatment-in-babies
- https://www.webmd.com/parenting/baby/what-is-colic#2-5

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.