Стомачни грчеви

Што се колики?

До денес не се знае што точно е причината за појава на стомачни грчеви (колики). Зад поимот колики се кријат многу симптоми. Коликите ги поврзуваме со надуеност и создавање гасови.

Вообичаено се јавуваат во првите месеци од животот на доенчињата. За коликите е карактеристичен неутешен плач кој се јавува во доцните попладневни часови. Детето се напнува, ги витка нозете кон стомакот, има зацрвенето лице и очигледно е дека му е многу непријатно. Затоа коликите кај родителите на доенчињата предизвикуваат многу грижи.

Што ги предизвикува коликите?

За причината на коликите се уште се водат расправии бидејќи на нивната појава влијаат повеќе фактори. Еден од нив е неразвиеноста на системот за варење кај доенчињата. Причина за појава на коликите исто така може да биде и преголем внес на лактоза преку доење или употреба на универзална млечна формула. Големата количина на лактоза која доенчето не може да ја обработи ферментира во тенкото црево при што се создаваат гасови, а тие се причина за надуеност и појава на непријатност кај доенчето.

Ви препорачале употреба на почетната млечна формула Novalac AC за доенчиња со колики.

Novalac AC е специјална млечна формула за доенчиња со колики. Количината на лактоза во млечната формула Novalac AC е прилагодена на дигестивниот капацитет на тенкото црево, со што се намалува надуеноста и појавата на грчеви, односно колики. Novalac AC е потполна храна и ги задоволува сите нутритивни потреби за нормален раст и развој на доенчето.

Млечната формула Novalac AC е посебно прилагодена за исхрана на доенчиња со колики од раѓање до 12 месечна возраст ако доенчето не е на исхрана со мајчино млеко. Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња до 6 месечна возраст, а за доенчиња постари од 6 месеци по препорака од лекар се комбинира со разновидна храна.

Што да превземете кога доенчето има колики?

Лекарот може да ви препорача прилагодена исхрана која содржи помалку лактоза. Морате строго да се придржувате до тие препораки.

Корисни совети за исхрана на доенчиња кои имаат колики:

  • Ако кај доенчето после оброк забележите надуеност, лесно масирајте му го стомачето.
  • После секој оброк помогнете му на доенчето да подригне.
  • Внимавајте за време на хранењето детето да не се наголта воздух, односно да голтне што е можно помалку воздух.
  • Обидете се да создадете мирна и опуштена атмосфера околу детето затоа што тоа ќе ја почувствува вашата вознемиреност ако постои.

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња