За кого е наменета Novalac IT?

  • Доенчиња кои често имаат тврда столица
  • Доенчиња кои имаат столица помалку од два пати неделно
  • Доенчиња со запек
  • Доенчиња со отежнато празнење на цревата (плачат и силно се напнуваат)
  • Доенчиња од раѓање до 6 месеци

Краток опис

Почетната млечна формула Novalac IT е прилагодена за доенчиња со запек од раѓање до 6 месеци.

Предности

  • Ја омекнува столицата и го олеснува празнењето на цревата
  • Зголемената количина на лактоза делува пребиотски – добра храна за корисни цревни бактерии
  • Поголемата количина на магнезиум го зголемува моталитетот на цревата и со тоа се олеснува празнењето на цревата

Novalac IT млечната формула е прилагодена за доенчиња со запек од раѓање до 12 месеци, ако мајките не ги дојат. Novalac IT ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната исхрана.

Запек или опстипација

Запекот е честа дигестивна тегоба кај доенчиња и карактеристично за него е нередовно и болно празнење на цревата кое се должи на нарушена работа на цревата. Кај доенчињата станува збор за запек кога имаат столица два пати неделно или поретко. Столицата е тврда, а празнењето на цревата е отежнато. 

Кај доенчињата со запек во исхраната се препорачува употреба на млечна формула Novalac IT.

Novalac IT е единствена млечна формула со зголемена количина на лактоза и магнезиум за полесно празнење на цревата и спречување на запек кај доенчиња.

Зголемената количина на лактоза има двојно дејство: привлекува вода во дебелото црево и на тој начин ја омекнува столицата, а истовремено има пребиотски ефект, бидејќи како храна за корисните бактерии во цревата го забрзува нивното размножување и со тоа го зголемува волуменот на столицата.

Покрај тоа Novalac IT има зголемена количина на магнезиум кој привлекува вода и со тоа ја омекнува столицата, го зголемува волуменот на столицата и влијае на перисталтиката на цревата и со тоа се овозможува често и лесно празнење на цревата.

Млечната формула Novalac ITги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата, бидејќи е збогатена со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.

Novalac IT е дел од големата група на посебно прилагодени производи за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.

Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.

Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac IT:

Возраст (месеци)

0

1

2

3

4

5

6 +

Телесна тежина (кг)

4

5

6

6,5

7

7,5

> 7,5

Број на оброци/ден

6–7

5

5

5

4

4

3*

Број на мерици за подготвување на еден оброк

4

4

5

6

7

7

7

Количина вода (мл)

120

120

150

180

210

210

210

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac IT.
Една доза растворете во 30 мл вода.

* како дел од разновидната исхрана

 

Упатство за подготовка

Алергени

  • Обезмастено млеко
  • Соин лецитин
  • Лактоза
  • Протеини од сурутка

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Хранење со шише – кога и колку?

После раѓање на детето мајките се често загрижени и се прашуваат дали нивното малечко добива доволно храна. Најдобар показател за тоа е добивањето на тежина. Ако доенчето се храни со шише, мерењето на количината испиено млеко е поедноставно за разлика од доењето.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac