Ве молиме прочитајте го известувањето
Мајчиното млеко е најдобра храна за доенчиња која воедно е прилагодена на нивните потреби. Често се случува доењето да биде проблем и покрај трудот и истрајноста на мајките или мора да се прекине поради болест, односно количината на мајчино млеко не ја задоволува потребата на доенчето. Во тој случај најдобра замена за доење е употребата на адаптирано млеко кое ги содржи сите хранливи состојки кои се потребни за здрав раст и развој на детето. Млечните формули Novalac употребувајте го откако ќе се советувате со стручни лица од областа на медицината, фармацијата или со други стручни лица кои се одговорни за грижата на мајката и детето. Со кликнување на копчето за продолжување ќе ви бидат достапни информации за адаптираното млеко Novalac. Ако се согласувате да продолжите прифатете интернет страната Novalac.mk да ве информира за адаптираното млеко за доенчиња, по ваша желба.
Novalac Allernova AR
400 g
Novalac Allernova AR е храна за посебна медицинска намена за доенчиња и мали деца кои имаат алергија на протеини на кравјо млеко и регургитација.
- Предности
- Упатство за употреба
- Состав
- Предупредување
Novalac Allernova AR може да се употребува како единствена храна до 6 месеци, доколку мајката не дои. По 6 месеци млечната формула Novalac Allernova AR се употребува како дел од разновидната исхрана. Novalac Allernova AR е содржи хидролизиран протеин на кравјо млеко (казеин) и не содржи лактоза.
Алергија на протеини на кравјо млеко се појавува во првите месеци од животот. Симптомите на алергија се манифестираат на сите органски системи, а во првата година првенствено се јавуваат на гастроинтестиналниот систем и на кожата. Најчест симптом кој е изразен на системот за варење е враќање на храната, бљуцкање или регургитација.
Лекувањето на преосетливост на протеини на кравјото млеко вклучува целосно отфрлање на млечните протеини од храната на доенчињата, а за да се намали враќањето на храната (бљуцкање) се користи млечна формула која содржи згуснувач.
Вистинско решение за доенчињата со алергија на протеини на кравјо млеко истовремено и регургитација е воведување на храна за посебна медицинска намена – Novalac Allernova AR, екстензивен хидролизат на казеин, со додаток на пченкарен скроб кој претставува единствена млечна формула на пазарот која може да реши два проблеми одеднаш:
- ги олеснува симптомите на алергија на протеини на кравјо млеко (дијареа, запек, прекумерен плач, грчеви, чешање на кожата…),
- ја намалува количината и фреквенцијата на повраќање поради содржаниот пченкарен скроб.
Дополнително: Може да се дава на доенчиња и деца со интолеранција на лактоза (не содржи лактоза)!
Novalac Allernova AR ги содржи сите хранливи состојки, кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза.
Novalac Allernovа AR може да се употребува само под здравствен надзор. Не го користете како храна кај здрави доенчиња. Novalac Allernova AR е контраиндициран кај галактоземија и/или малапсорпција на глукоза и галактоза. Посебна внимателност е потребна и кај доенчиња со ослабен имунитет, недоносени деца или новородени со ниска телесна тежина при раѓање.
Вообичаено дозирање на специјалната формула Novalac Allernova AR:
Возраст на бебето (месеци) | 0-1 | 1-2 | 2-4 | 4-6 | 6-12 | 12-36 |
|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на оброци дневно | 6 | 5 | 5 | 4 | 3* | 2* |
| Број на дозерки за подготовка на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 | 7 | 8 |
| Количина на вода (мл) | 90 | 120 | 150 | 210 | 210 | 240 |
*како дел од разновидната исхрана
До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,5 г млечна формула Novalac Allernova AR.
Една доза растворете во 30 ml вода. Прилагодете ја дневната количина на храна и бројот на оброци според возраста и потребите на детето. Освен ако вашиот лекар не советува поинаку, следете ги препораките во табелата.
Подготовка
- Пред подготовка на секој оброк измијте ги рацете.
Novalac Allernova AR е згусната млечна фор и можеби ќе треба малку повеќе да се протресе пред употреба за да ја растворите. Поради посебниот состав, изгледот, мирисот и вкусот во шишето за хранење може да изгледа различно во споредба со стандардното млеко. Исто така, може да предизвика малку тврда и/или зеленикава столица, но без непријатност кај доенчето.
- Секогаш подготвувајте свеж оброк.
- Шишето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Водата нека врие барем пет минути.
- Водата за подготовка на оброкот нека врие во покриен сад. Оставете да врие најмалку пет минути.
- Изладете ја водата во садот до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
- Со помош на приложениот дозер, истурете го пропишаниот број на мерни дози во шишето.
- Затворете го шишето и добро протресете за да се раствори прашокот целосно.
- Изладете го подготвениот оброк до 37 °C, односно ладете се додека на кожата не чувствувате ниту ладно ниту топло.
Да се чува на суво и ладно место, заштитено од светлина. Производот може да се користи најмалку до датумот означен на дното на лименката. По отворањето на лименката за прв пат, содржината искористете ја во рок од три недели. Цврсто затворете ја лименката по секоја употреба. Не чувајте подготвен, а неиспиен оброк. Фрлете го остатокот.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Состав на млечна формула Novalac Allernova AR
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивната што пооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај, ве уверуваме дека сите Novalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac. Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Мајчиното млеко е најдобрата храна за бебињата. Млечните формули се применуваат само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната, или друг професионалец одговорен за грижата за мајката и детето. Посебно внимание при употребата на млечната храна Novalac e потребно кај доенчиња со ослабен имунитет, предвремено родени бебиња или новороденчиња со мала тежина и кај оние со алергиска реакција на млечни протеини. Неправилната подготовка или складирање може да бидат опасни по здравјето. Кога го храните бебето со шише, водете грижа контактот помеѓу млекото и забите да не е предолг или премногу чест бидејќи тоа ја зголемува можноста за кариес. Секогаш мијте ги забите на вашето дете по последниот ноќен оброк.
Поврзани производи
Бремените жени за Novalac Allernova AR
Едукативни содржини

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.