Ве молиме прочитајте го известувањето
Мајчиното млеко е најдобра храна за доенчиња која воедно е прилагодена на нивните потреби. Често се случува доењето да биде проблем и покрај трудот и истрајноста на мајките или мора да се прекине поради болест, односно количината на мајчино млеко не ја задоволува потребата на доенчето. Во тој случај најдобра замена за доење е употребата на адаптирано млеко кое ги содржи сите хранливи состојки кои се потребни за здрав раст и развој на детето. Млечните формули Novalac употребувајте го откако ќе се советувате со стручни лица од областа на медицината, фармацијата или со други стручни лица кои се одговорни за грижата на мајката и детето. Со кликнување на копчето за продолжување ќе ви бидат достапни информации за адаптираното млеко Novalac. Ако се согласувате да продолжите прифатете интернет страната Novalac.mk да ве информира за адаптираното млеко за доенчиња, по ваша желба.
- Предности
- Упатство за употреба
- Состав
- Предупредување
Novalac 1 е почетна млечна формула наменета за доенчиња од раѓање до 6-месечна возраст, доколку мајките не ги дојат или само делумно ги дојат. По 6-месечна возраст препорачуваме преминување на Novalac 2 последователна млечна формула за доенчиња. Novalac 1 е дел од широката палета на производи кои се посебно прилагодени за задоволување на нутритивните потреби на доенчиња.
Универзалното млеко Novalac 1 ги задоволува сите нутритивни барања на бебето до 6-месечна возраст. Содржи протеини, масти, јаглехидрати, амино киселини, витамини и минерали кои му се потребни на бебето за здрав развој и раст.
| Возраст на бебето (месеци) | 0-1 | 1-2 | 2–4 | 4–6 |
|---|---|---|---|---|
| Број на оброци дневно | 6 | 5 | 5 | 4 |
| Број на дозерки за подготовка на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 |
| Количина на вода (мл) | 90 | 120 | 150 | 210 |
До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4,3 g Novalac 1. Една дозерка се раствора во 30 ml вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагоди според возраста и потребите на доенчето. Доколку лекарот не Ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата за дозирање.
Подготовка
- Секогаш подгответе свеж оброк.
- Чувајте на суво место, заштитено од светлина и топлина.
- Не го употребувајте после истекот на рокот на употреба втиснат на дното на лименката.
- После првото отворање на лименката содржината употребете ја во рок од 3 недели.
- После секоја употреба на лименката добро затворете ја.
- Не го чувајте неиспиениот оброк. Фрлете го остатокот.
Упатство за подготовка
ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ.
- Шишенцето и цуцлата со капачето превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
- Водата за подготвување на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
- Водата во садот оладете ја на 400C и ставете ја во шишенцето.
- Ставете го пропишаниот број на дозерки во шишето со помош на приложената дозерка.
- Затворете го шишето и добро промешајте за прашокот потполно да се раствори.
- Подготвениот оброк оладете го до млако (370C) односно додека на кожата не осетите ни ладно ни топло.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Состав на млечна формула Novalac 1, 800g
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивната што пооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај, ве уверуваме дека сите Novalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac. Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Мајчиното млеко е најдобра храна за доенчињата. Млечните формули се користат само со препорака на стручни лица од областа на медицина, фармација, нутриционисти или други стручни лица задолжени да се грижат за мајката и детето. Особено внимание при употреба на млечните формули Novalac е потребно кај доенчиња со намален имунитет, недоносени или новороденчиња со мала родилна тежина и кај алергиски реакции на млечни протеини. Неправилната подготовка или чување можат да претставуваат ризик по здравјето. При хранење на детето со шише, внимавајте контактот помеѓу млечната храна и забите на вашето дете да не биде премногу долг или премногу чест, бидејќи тоа ја зголемува можноста од појава на кариес.
После хранење измијте ги забите на детето.
Поврзани производи
Бремените жени за Novalac 1, 800g
Едукативни содржини

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.