Ве молиме прочитајте го известувањето
Мајчиното млеко е најдобра храна за доенчиња која воедно е прилагодена на нивните потреби. Често се случува доењето да биде проблем и покрај трудот и истрајноста на мајките или мора да се прекине поради болест, односно количината на мајчино млеко не ја задоволува потребата на доенчето. Во тој случај најдобра замена за доење е употребата на адаптирано млеко кое ги содржи сите хранливи состојки кои се потребни за здрав раст и развој на детето. Млечните формули Novalac употребувајте го откако ќе се советувате со стручни лица од областа на медицината, фармацијата или со други стручни лица кои се одговорни за грижата на мајката и детето. Со кликнување на копчето за продолжување ќе ви бидат достапни информации за адаптираното млеко Novalac. Ако се согласувате да продолжите прифатете интернет страната Novalac.mk да ве информира за адаптираното млеко за доенчиња, по ваша желба.
- Предности
- Упатство за употреба
- Состав
- Предупредување
Novalac 2 млечната формула е наменета за доенчиња постари од 6 месеци. Дел е од разновидната исхрана, но во првите 6 месеци не смее да се употребува како замена за мајчиното млеко. Novalac 2 соодветна е како дополнителна храна ако доењето не е доволно и како преодна храна по употребата на Novalac 1 почетната млечна формула.
Универзалната млечна формула Novalac 2 содржи протеини, масти, јаглехидрати, аминокиселини, витамини и минерали. Додадени се omega-3 i omega-6 масни киселини за оптимален развој на мозокот и видот на доенчињата, извор на витамин Д (за нормален раст и развој на коските), Ц, E, K1 и биотин, исто така претставува извор на калциум.
Европските насоки за исхрана на доенчиња после 6-тиот месец, покрај воведување на цврста храна препорачуваат да се продолжи со доење (односно со употребата на млечна формула ако мајката не дои). До 12 месеци не се препорачува кравјо млеко како самостоен оброк. За доенчињата од 6 месеци кравјото млеко содржи три пати повеќе сол. Тоа е како доенчето секој ден да пие 3 пати посолена млечна формула или мајчино млеко. Кравјо млеко како замена за доење или млечна формула, после 6-ти месец може да предизвика оштетување на бубрезите и висок крвен притисок подоцна во животот.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac 2, 400g:
| Возраст на бебето (месеци) | 6–12 |
|---|---|
| Број на оброци дневно | 3* |
| Број на дозерки за подготовка на еден оброк | 7 |
| Количина на вода (мл) | 210 |
* како дел од разновидната исхрана
До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac 2.
Една доза растворете во 30 мл вода.
Подготовка
- Пред подготовка на секој оброк измијте ги рацете.
- Шишето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Водата нека врие барем пет минути.
- Водата за подготовка на оброкот нека врие во покриен сад. Оставете да врие најмалку пет минути.
- Изладете ја водата во садот до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
- Со помош на испорачаниот дозер, истурете го пропишаниот број на мерни дози во шишето.
- Затворете го шишето и добро протресете за да се раствори прашокот целосно.
- Изладете го подготвениот оброк до 37 °C, односно ладете се додека на кожата не чувствувате ниту ладно ниту топло.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Состав на млечна формула Novalac 2, 400g
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивна штопооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај,ве уверуваме дека ситеNovalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac. Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Мајчиното млеко е најдобрата храна за бебињата. Млечните формули се применуваат само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната, или друг професионалец одговорен за грижата за мајката и детето. Посебно внимание при употребата на млечната храна Novalac e потребно кај доенчиња со ослабен имунитет, предвремено родени бебиња или новороденчиња со мала тежина и кај оние со алергиска реакција на млечни протеини. Неправилната подготовка или складирање може да бидат опасни по здравјето. Кога го храните бебето со шише, водете грижа контактот помеѓу млекото и забите да не е предолг или премногу чест бидејќи тоа ја зголемува можноста за кариес. Секогаш мијте ги забите на вашето дете по последниот ноќен оброк.
Секогаш подготвувајте свеж оброк. Да се чува на суво и ладно место, заштитено од светлина. Производот може да се користи најмалку до датумот означен на дното на лименката. По отворањето на лименката за прв пат, содржината искористете ја во рок од три недели. Цврсто затворете ја лименката по секоја употреба. Не чувајте подготвен а неиспиен оброк. Фрлете го остатокот.
Мислења на корисниците
Сега има прегледи за овој производ.
Поврзани производи
Бремените жени за Novalac 2, 400g
Едукативни содржини

Придружи се во Novalac клубот
Со зачленување во Novalac клубот добивате:
- E-брошура со совети „Исхрана во првите 1000 дена“ за мајка и бебе;
- Е-брошура со корисни информации „Првата година на доенчето“;
- Редовни содржини за прекрасниот период во кој се наоѓате во моментот.