Враќање на храната

Што претставува враќање на храната?

Враќање на храната (бљуцкање) или регургитација е чест проблем кај доенчињата во првата година од животот кој се манифестира како неволно враќање на мајчиното млеко или млечната формула од желудникот во хранопроводот. Вообичаено се јавува веднаш или набрзо после оброкот (при подригнување), а поретко за време на спиење. За враќањето на храната или бљуцкање карактеристично е што желудникот »без никаков напор« ја враќа содржината нагоре низ хранопроводот. Немојте да ги мешате враќањето на храна и повраќањето. Повраќањето е исфрлање на желудочната содржина во млаз кое е пропратено со силно грчење на стомачните мускули.

Дали враќањето на храната е опасно или болно?

Враќањето на храната кај доенчиња е нешто сосема вообичаено и само од себе се повлекува во првата година од животот. Желудочната содржина е кисела и може да го иритира хранопроводот и на тој начин да предизвика болка. Враќањето на храната е дигестивна тегоба која не е сериозна, но и кај детето и кај родителите предизвикува непријатност и загриженост. Затоа за регулирање на враќањето на храната постои специјална млечна формула погодна за исхрана на доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната (Novalac AR).

Зошто храната се враќа?

До враќање на храната доаѓа поради недоволно развиен сфинктер (мускул) на преодот од хранопровод во желудник. Функцијата на овој мускул е да се спречи враќањето на содржината од желудникот во хранопроводот, односно да не дозволи движење на храната во погрешна насока (кон устата наместо кон цревата).

Што да превземете кога детето ја враќа храната?

При едноставно враќање на храната доволна е прилагодена исхрана кај доенчето. Стручните лица од здружението ESPGHAN (Европско здружение на педијатри гастроентеролози, хепатолози и нутриционисти) препорачуваат на доенчињата кои имаат проблем со враќање на храната да им се дава згусната храна. Бидете внимателни! Храната не смее да биде премногу густа затоа што така може да се успори варењето и со тоа да се зголеми опасноста од враќање на храната. Посоветувајте се со Вашиот педијатар како правилно да постапите.

Ви препорачале употреба на специјална млечна формула за исхрана на доенчиња со враќање на храната Novalac AR.

Кај доенчињата кои имаат проблем со враќање на храната се препорачува употреба на специјална млечна формула за доенчиња Novalac AR, која е единствена што содржи пченкарен скроб за оптимално згуснување на храната. Novalac AR оптимално ја згуснува храната во желудникот, а истовремено не го успорува варењето.

Со употреба на млечната формула Novalac AR се намалува враќањето на храната и изложеноста на хранопроводот на киселата желудочна содржина која би можела да ја оштети слузницата на хранопроводот. Благодарение на прилагодениот состав, оваа млечна формула ги задоволува сите нутритивни потреби за нормален раст и развој на доенчето.

Млечната формула Novalac AR е погодна за исхрана на доенчиња со зголемено враќање на храната од раѓањето до наполнети 12 месеци ако доенчето не е на исхрана со мајчино млеко. Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци по препорака од лекар се комбинира со разновидна исхрана.


Корисни совети за доенчиња кои ја враќаат храната:

  • Пелените и облеката околу стомачето не смеат да бидат премногу тесни.
  • Доенчето треба да се храни во мирна и опуштена атмосфера.
  • Немојте да пушите во непосредна близина на детето.
  • Не го терајте детето до крај да ја испие храната од шишенцето.
  • После хранењето ставете го доенчето во кревет со подигнат душек под агол од 45° и свртено на левата страна.

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња