Услови употреба клуб Novalac

Сопственик и управител на Novalac клубот е Медис, фармацевтско друштво, д.о.о. Со користење на веб страната и услугата Novalac клуб, ги прифаќате условите во целост и морате да ги почитувате. Уредникот на веб страната може во било кое време да ги промени условите на користење и да ги објави промените на оваа страна. За промените не е должен посебно да ги известува членовите на клубот Novalac. Ако сте корисник на Novalac клубот, се согласувате со промени на условите на користење.

1. Содржина на Novalac Клубот

Целата содржина на Novalac клубот (текстови, графика, логотипови, слики, цртежи, програмска опрема и друго) се во сопственост на фармацевтската компанија Медис, д.о.о., или на авторот на содржината. Забрането е продавање или дополнување на содржината на Novalac клубот; без писмена дозвола од авторот или од овластена особа забрането е делумно или целосно копирање, размножување, повторно објавување, промени и симнување на содржините од Novalac клубот. Неовластено користење на објавените содржини во Novalac клубот може да значи кршење на членови на Законот за авторски права и членови на други сродни закони. На корисниците им е дозволено користење и преглед на содржините на Novalac клубот, но при тоа не смеат да ги кршат авторките права на авторот на содржината. Печатење на содржините на Novalac клубот за прегледување и читање е дозволено само за некомерцијални цели. Содржините на веб страната на Novalac клубот се од информативна природа, наменети се исклучиво за општо информирање, и во никој случај не може да се заменат со личен контакт со лекар или стручен совет од фармацевт кои се единствени за правилна проценка и медицински совет за вашите тегоби. Затоа базирање на содржините и на информациите од Novalac клубот е на сопствена одговорност на кориснкот.

2. Регистарација и заштита на приватност на корисниците

Регистрацијата и внесување на податоци во Novalac клубот се доброволни, а на корисниците им е обезбедена анонимност. Корисниците се согласуваат Медис д.о.о., како и компаниите од групацијата Медис или овластени компании да во согласност со Законот за заштита на лични податоци ги користи нивните лични податоци и податоците на нивните малолетни деца на неопределено време. Податоците ќе бидат употребени за водење на база на регистрирани корисници, следење на статистика на употреба на веб страната, како и за поштенско праќање на подароци за сите нови регистрирани корисници и повремено праќање на информации за производи Novalac и новости. Во периодот на користење на личните податоци може да побарате увид и нивно ажурирање. Во било кое време корисникот може писмено да побара во рок од 15 дена трајно или повремено да прекинеме со користење на неговите лични податоци и да го известиме за својот трошок во рок од 5 дена. Регистрираните корисници кои го користат клубот се запознаени со која цел се користат нивните лични податоци и податоците на нивните малолетни деца и се согласуваат да добиваат известувања на нивната адреса, e-mail и телефонски број.

3. Novalac e-новости

Со регистрација во Novalac клубот се пријавувате и за добивање на Novalac е-новости. Доколку не сакате да добивате е-новости, може да се одјавите во било кое време на линкот за одјава кој може да го најдете најдоле на секоја примена е-новост.

4. Обврски на корисниците

Novalac клубот е наменет за лица кои бараат информации за исхрана на деца, производи на фармацевтската компанија Медис д.о.о. и други информации. Содржините на Novalac клубот се достапни за сите корисници, дури и за нерегистрираните, меѓутоа пристап до одредени содржини имаат само членовите на клубот. Корисниците изјавуваат дека сите податоци кои се внесуваат во формуларот за пријава на почетната страна од Novalac клубот се точни и се одговарни за нивната веродостојност. Медис д.o.o., не одговара за неточните податоци кои ги внеле корисниците. Корисниците кои добиле лозинка за пристап до содржините на Novalac клубот, се должни истата да ја заштитат. Не смее да ја злоупотребуваат или да ја кажуваат на трети лица. Ако приметат дека некој влегол во нивниот кориснички профил, должни се веднаш да не известат на info@novalac.мк.

Администраторот на веб страната го задржува правото на забрана за пристап на корисник ако се утврди или постои сомневање дека корисникот со своите постапки предизвикува штета на работењето на фармацевтската компанија Медис, д.о.о, или ако корисникот на страната на Novalac клубот објавува коментари со навредлива, непријателска и непримерна содржина. Таквите коментари же бидат избришани без предупредување.

5. Одрекување од одговорност

Администраторот на веб страната не е одговорен за штетните последици од користење на содржините на Novalac клубот, за нивната исправност, точност, потполност или ажурност; било какви дефекти или губење на податоци кои се последица на користење на Novalac клубот; евентуални оштетувања на програмерската или компјутерска опрема со која управуваат корисниците; лошо функционирање или нефункционирање на Novalac клубот поради проблеми со интернет; проблеми за неработење на Novalac клубот кои се последица на натприродни сили; неточни податоци на корисниците кои самите ги внесуваат при регистрација во Novalac клубот.

6. Решавање на спорови

За евентуални спорови е надлежен Основниот Суд во Љубљана.

Љубљана, 17. март 2011.