Почетна > Интересно > Новороденчето стигна дома – Првите денови дома со новороденчето и доење

Новороденчето стигна дома – Првите денови дома со новороденчето и доење

Кога новиот член во семејството ќе стигне дома започнува период на прилагодување на сите во домот. Животот на семејството се променува за 180°, и во првите денови и недели се се врти околу новиот член на семејството и секако мајката.

Во овој период мајките бараат одговори на многу прашања. Ќе се обидеме да Ви помогнеме и одговориме на некои најчести прашања поврзани со исхраната на новороденчиња и доенчиња.

Колку долго и колку често да доите?

За успешно доење важно е да со доење се започне веднаш после породувањето. Во првата прилика на физички контакт со мајката, новороденчето само ќе ја најде брадавицата и ќе почне да цица. Првиот пат нека трае се додека новороденчето само престане да цица и ја испушти брадавицата.

Во првите 3 до 4 дена после породувањето мајчиното млеко се вика колострум или прва храна. Тоа е густа жолтеникава течност богата со имуноглобулини, други белковини, масти, минерали, како и витамини растворливи во масти. За колострум се вели дека е "прва вакцина". Новороденчето во првите денови треба да се дои што почесто. Важно е да се дои на една дојка се додека само не ја испушти брадавицата, а потоа да се премести на другата.

Првите денови додека мајката и бебето се во родилиште за сите недоумици и потешкотии може да им помогне педијатар или медицинска сестра. Веќе третиот, четвртиот ден кога обично се излегува од родилиште почнува запознавањето со домот и околината. Она што е најважно е сите да останат смирени и без паника. Сигурно дека секоја мајка за своето дете ќе го направи она што најдобро го знае.

Третиот до петиот ден после породувањето градите почнуваат да излачуваат прелазно млеко, а после две до три недели зрело млеко. Во првиот месец новороденчето треба да се става на гради секогаш кога ќе посака. Тоа обично цица првите 5 минути и тогаш ќе испие поголема количина млеко, па затоа се препорачува доењето да трае од 10 до 20 минути. Доенчето воглавно потполно ја празни градата, а ако не ја испразни се препорачува мајката сама да го направи тоа за да не дојде до некои компликации.

Што да направите кога доењето не е можно?

Понекогаш, и покрај големата желба и труд на мајката да го дои своето дете, тоа не е можно. Ваквите ситуации за среќа не се чести. Може да се случи да во некои моменти нема доволно млеко или не се препорачува доење од здравствени причини. Во вакви ситуации е важно мајката која не може да го дои своето дете да не чувствува вина за тоа. Чувството на вина кај мајката не е оправдано а може и штетно да влијае на односот мајка-дете.

Во ситуација кога доењето не е можно, на доенчето може да му понудиме прилагодена почетна млечна формула, а после 6 тиот месец се препорачува преодна млечна формула за доенчиња. Прилагодената почетна млечна формула е задоволителна замена за мајчино млеко. Хранливиот состав и енергетска вредност на почетната млечна формула се направени така да се што послични со мајчиното млеко, за здрав раст и развој на доенчиња.

Колку оброци се потребни за доенчето?

На ова прашање не постои универзален одговор. Показател дека доенчето внело доволно млеко без разлика дали преку доење или со млечна формула, би бил бројот на мокри пелени (6 или повеќе за 24 часа). Со тек на време, за неколку недели доенчето обично само го воспосавува ритамот на хранење, со 6 до 7 оброци во текот на 24 часа.

Драги мајки, вашето дете обично праќа бројни сигнали и на тој начин ве известува дека е гладно (на пр. Зголемена будност и активност, брзи движења со очите, движења на устата, барање на града, приближување на рацете до уста, звукови или знаци на цицање, тивки гласови, немир и плач). Сето ова мајките мора да го препознаат и да реагираат. Корисно е да знаете дека плачењето не е прв туку краен знак дека детето е гладно.

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња