Совршена комбинација против стомачни грчеви: масажа и лесни вежби

Дали сакате да го опуштите вашето дете? Масажата е првото решение и во неа уживаат сите, без разлика на возраста.

Доенчето сака нежен допир

Ова е особено потребно во моментите кога не се чувствува добро. Во првите три месеци многу деца страдаат од грчеви. Карактеристично за нив е дека се чести, со болка и неутешно плачење кое трае до 3 часа на ден, 3 дена неделно и тоа најчесто во попладневните и вечерните часови. Доенчето е неутешно, силно плаче, се грчи и ги собира нозете кон стомакот кој е чувствителен и надуен, а родителите се загрижени и под голем стрес.

Грчевите обично се јавуваат ненадејно кај здрави доенчиња и исчезнуваат во четвртиот или петиот месец од животот.

Нежна масажа може да ги смири грчевите. Може да почнете брзо после породувањето. Во првите недели вашите движења нека бидат нежни и бавни и не се задржувајте многу на едно место. На почетокот масажата треба да биде кратка, а подоцна траењето на масажата може да се зголеми.

Вистински момент

Доенчето за да достигне потполно уживање во масажата треба да биде најадено, одморено и здраво.

Идеално време е еден час пред или после јадење, односно после бањање. Масажата помага во варењето и во полесно спиење на вашето бебе. За почеток треба да ги загреете дланките и на нив да ставите неколку капки масло. Со лесни движења поминете од главата до стапалата на бебето.

Ви препорачуваме правилната масажа првиот пат да ви ја покаже патронажната сестра или друго стручно лице.

Корисни совети

  • Да се опушти доенчето потребно е добар амбиент и опуштени родители.
  • Доенчето најдобро се чувствува во просторија со температура од 23 до 26°С.
  • Доенчето сака да лежи на мека и подебела подлога.
  • Родители, во текот на масажата и вие дишете длабоко и пробајте да се опуштите. Ова време искористете го за дополнително зближување со бебето.
  • Растителни масла, на пример маслиново или бадемово ќе бидат најдобар избор за масажа, а избегнувајте етерични масла.
  • Масирајте рамномерно (на пример масирајте ја левата рака, а потоа десната).
  • Доенчињата на возраст од околу еден месец масирајте ги најмногу 15 минути, а двегодишните од 30 до 45 минути.
  • После масажа продолжете со wellness програма. Стоплете го доенчето и ставете го во вашата прегратка. Вакви моменти сигурно ќе го смират детето, а и неговите грчеви.

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња