Почетна > Интересно > Спиење во заеднички кревет

Спиење во заеднички кревет

Каде би требало доенчето да спие? Во своето креветче блиску до родителите, од самото раѓање во својата соба или во креветот на родителите? Мислењата на родителите се разликуваат, ниту експертите не застапуваат еден став. Нема правила за тоа што е право а што не е. Најважно е да се постапува како вам Ви одговара и на Вашето дете.

Спиењето е една од основните животни активности која силно влијае на здравјето на детето и целото семејство поради што треба да му се посвети повеќе внимание. Спиеето на доенчето го делиме на два периода: спиење до шестиот месец од животот, кога спиењето се уште се развива и на повеќето доенчиња потребно им е ноќно хранење, и на спиење после шестиот месец од животот, кога на детето повеќе не му е потребно ноќно хранење и кога неговото спиење треба да е слично со спиењето на возрасните.

Кај мајката...

Мајката во првите месеци одлучува да спие заедно со доенчето или да го постави креветчето во спалната соба со цел да и се олесни ноќното доење или често да станува на сред ноќ. Спиењето заедно со доенчето им одговара и на татковците со што би добиле неколку часови повеќе во близина на детето. Многумина сметаат дека со тоа се развива силна врска помеѓу родителите и децата која ќе му овозможи физички и емоционален развој на детето.

Или во свое креветче?

Меѓутоа многу од родителите сметаат дека од првите денови детето треба да спие во своето креветче или во своја сопствена соба затоа што така ќе стекне навика да заспие само и брзо ќе се осамостои. Некои родители се плашат дека при спиење заедно со доенчето постои опасност да го повредат.

Што се препорачува во светот?

Местата каде што доенчињата спијат се разликуваат според различните култури. Во Европа доенчето во текот на првата година најчесто спие со своите родители во сопственото креветче затоа што тоа го поедноставува ноќното хранење, а во источните култури најчесто доенчето спие заедно со родителите поради близината на неговата мајка која е причина за подобар сон. Според препораките на експертите во Соединетите Американски Држави најголемиот дел на малите бебиња се ставаат да спијат во креветче во детска соба поради тоа што се верува дека таа пракса ја поттикнува психолошката и социјалната независност на детето.

Слушајте ја интуицијата

Наспроти мнозинството на различните мислења на експертите, роднините и останатите околу Вас единствено правилно е да постапите онака како што Вие чувствувате дека е правилно. Немојте да ја заборавите секојдневната вечерна рутина; секогаш пред заспивање треба имате одредени ,"ритуали’" кои би го обликувале детскиот биоритам. Дозволете си размена на нежности, како што се бањање, читање на приказни и хранење и при тоа заедно со доенчето да се задлабочите во мирен сон.

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња