Почетна > Интересно > Деца и пробиотици

Деца и пробиотици

Здравиот и избалансиран внатрешен екосистем на гастроинтестиналниот тракт е многу важен за здравјето на доенчињата и на малите деца. Нивната цревна микрофлора е "природна имунизација на мајката природа" со што се стимулира имунолошкото работење на цревата и се обезбедува подобра одбрана од населување на патогени микроорганизми што придонесува за созревање на имунолошкиот систем.

Цревната микрофлора е еден од најважните фактори за добро варење на храната, а микроорганизмите кои се домаќини на системот за варење обезбедуваат некои од важните хранливи материи, а и за целиот детски организам. Составот на цревната микрофлора на секое дете зависи од неговото раѓање, околината и исхраната и за секое дете е посебен, како што е посебен и отисокот од прстот. Имунолошкиот систем на детето се гради уште во бременоста, каде што кардиоваскуларниот систем на мајчините имуни клетки станува составен дел на организмот уште на нероденото дете. Внатрешниот екосистем на доенчето зависи од здравствената состојба на мајката, бидејќи при раѓање по вагинален пат доенчето ја добива нејзината микрофлора. Исхраната и брзиот начин на живот на денешните жени често го нарушуваат здравјето. Затоа лекарите многу често, ги советуваат мајките да им се дава пробиотски култури на доенчињата за подобрување на здравјето од раѓање.

Докажано е дека на имунолошкиот систем влијаат "добри" бактерии, денес познати како пробиотици. Тие микроорганизми природно го населуваат цревото, спречуваат врзување на патогени бактерии и го штитат детето од разни болести. Овие бактерии се покажало дека се корисни во случај на запек и пролив, но исто така нивната корист е докажана и во спречување на настинки, инфекции, алергии и во подобрување на варењето на мајчиното млеко, а подоцна и во останатите намирници.

Често пати се случува да е нарушен микросистемот на цревата. Неговиот баланс и квалитет може да бидат нарушени при проблеми со стомакот, појава на цревни вируси, инфекции и како што е веќе познато со употреба на антибиотици. Поради таа причина во минатите десет години се направени многу истражувања кои нагласуваат да се одржува баланс на цревната микрофлора пред се со урамнотежена исхрана богата со пробиотски млечни производи и разни пробиотски додатоци во исхраната.

Денес најпознати и најзастапени пробиотски бактерии се Lactobacillus и Bifidobacterium, од кои најиспитувани и најпознати видови се Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus reuteri и Bifidobacterium lactis. Треба да се напомене дека освен наведените бактерии често се споменува и квасец Saccharomyces boulardii. Кога се зборува за терапија во која треба да се консумираат пробиотици, не е важен само видот туку и нивната количина. Затоа на различни пробиотски производи, бројот на живи бактерии се означува од 109 до 1012 CFU (Colony forming units), што означува вообичаена дневна тераписка доза за доенчиња и деца.

Секојдневно и превентивно користење на пробиотици подразбира употреба на прехранбени производи кои се природно богат извори на овие култури. Во овие намирници спаѓаат ферментирани млечни производи, како што се јогурт, кефир, кисело мелко и разни сирења кои се препорачуваат да се дадат на доенчињата во нивните оброци како дохрана. Важно е да се има на ум дека пробиотските производи на млечна база не се даваат на бебиња кај кои млекото и млечните производи сеуште не се воведени во исхраната или на бебиња кои се алергични на кравјо млеко, но на деца кои се хранат со адаптирано млеко ова може да се даде после седмиот месец од раѓањето. Ако се работи за доени деца или деца алергични на кравјо млеко, како додаток во исхраната може да се употребат пробиотици кои во својот состав немаат млеко.

Функцијата на пробиотиците како промотори на животот не би биле целосни без нивната храна, односно нутритивните влакна растворени во вода, како што се инулин, олигофруктоза и фруктоолигосахариди (FOS) кои се природно застапени во мајчиното млеко и во намирниците како што се житарките, овошјето и зеленчукот. Затоа избалансирана и разновидна храна ќе обезбеди здравје за мајката и детето, а исто така и за нивната цревна микрофлора.

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња