Почетна > Интересно > Големи очекувања: првата година на новороденчето

Големи очекувања: првата година на новороденчето

Грижата за новороденчињата може да биде напорна, а истовремено пак, во првата година од нивниот живот има толку многу работи на кои неизмерно им се радуваме и кои не можат да се споредат со ништо друго. Најнормални и очекувани пресвртници кај вашето новороденче се следните:

Насмевка

Во првите два месеци ќе преживеете многу непроспиени ноќи, многу солзи и ќе имате чувство дека цело време го тешите своето новороденче. А потоа може да Ви се причини дека тоа ви се насмевнува, но можно е и тоа да е само некаква гримаса. Времето за вистинската насмевка допрва доаѓа. После наполнети два месеци вашето новороденче ќе почне да реагира со насмевки. Вашиот глас или вашето лице ќе бидат доволни за вашето дете слатко да ви се насмевне.

Смеа

Ако постојаниот плач на вашето бебе веќе ве исцрпува и сте на работ на очај, можеме да Ве утешиме дека наскоро ќе биде поинаку. Околу четвртиот месец може да очекувате поинаков звук: смеата на вашето новороденче. Најдобро кај смеењето на бебињата е тоа што можеш многу лесно да ги насмееш. Некоја ваша гримаса, скокоткање или играта ѕе-ѕе се повеќе од доволни за вашето малечко да почне да се смее гласно.

Да ја преспие цела ноќ

Обично родителите на новороденчињата не се радуваат на ништо друго освен на ноќта која целосно ќе ја преспие ( ова посебно важи за родителите чии новороденчиња од самото раѓање се буделе доста често). Иако е нереално и нездраво да се очекува дека новороденче ќе ја преспие цела ноќ ( проспиена ноќ значи спиење од 5-6 часа без будење), родителите можат да бидат сигурни дека олеснувањето наскоро ќе пристигне. Меѓу четвртиот и шестиот месец поголемиот дел од новороденчињата се способни да спијат цела ноќ.

Седење

Светот изгледа сосема поинаку ако не лежиш цело време. Околу петтиот или шестиот месец повеќето новороденчиња можат да седат со помош на потпора - или лежат на своите рачиња кои ги испружуваат пред себе или пак со грбот се потпрат на перници или мебел. Новороденчињата можат самостојно да седат меѓу седмиот и деветтиот месец.

Лазење

Ако имате 8 – месечно новороденче вашето членство во теретана може привремено да го откажете. Наскоро ќе почнете многу да се движите бидејќи ќе мора да трчате по вашето дете кое ќе лази и љубопитно ќе ги истражува сите агли на вашиот дом. После наполнети девет месеци повеќето новороденчиња лазат и притоа ги користат и рацете и нозете. Меѓутоа некои новороденчиња никогаш не лазат. Овој степен во развојот не е неопходен за да се постигне следниот – стоење и одење.

Мавтање со рачето па – па

Мавтањето па-па со рачето не е само сладок гест – тоа е всушност израз на говорот. До деветтиот месец поголем број од новороденчињата ќе почнат да поврзуваат звуци, гестови и значење. Разбираат дека мавтањето со раката е поврзано со поздравот па – па.

Консумирање храна сечена на парчиња

Кога хранењето со лажица повеќе не му е интересно на новороденчето, значи дека е спремно да се храни само. Помеѓу деветтиот и дванаесеттиот месец децата развиваат подобра контрола над своите раце и прсти, така што многу полесно можат да земат мали предмети како храна сечена на парчиња! Но за жал, новороденчињата на таа возраст сакаат да го истражуваат вкусот и составот на се она што ќе им излезе во пресрет, така што храната повеќе не е единственото нешто што ќе се најде во нивната уста. Безбедноста на околината во која се движи новороденчето во тој период е многу важна.

Самостојно стоење

До дванаесеттиот месец некои од новороденчињата се способни кратко време да стојат без помош. Тоа значи дека ќе можат да направат неколку кратки чекори со помош. Во неделите или месеците пред да почне вашето дете самостојно да оди ќе преживеете часови и часови во одење како негова потпора. Така најдобро ќе се подготви за >>она вистинското<< - одењето.

Одење

Одењето е крал на пресвртниците во развојот на детето. Можеби на ниту една друга пресвртница нема да и посветите толку внимание (и слики во фотоапаратот) како на првиот чекор. Нема сите деца да проодат до својот прв роденден. Времето кога новороденчињата почнуваат да одат обично е помеѓу деветтиот и седумнаесеттиот месец, но повеќето новороденчиња првите самостојни чекори ги прават околу тринаесеттиот месец.

Првиот збор

“Мама! Тато!” Ништо не може да се спореди со чувството кое го доживувате кога детето ќе ви се обрати за прв пат. Првите зборови обично ги изговараат околу првиот роденден. Во тој период повеќето новороденчиња знаат да изговорат барем еден збор а истовремено активно се трудат да изговорат и друг. Уште малку и конечно ќе можете да слушнете што мисли вашето мало дете.

Воспоставување на доењето

Мора да избира намирници кои, исто како млекото, не го оптеретуваат бебето туку му обезбедуваат оптимален раст и развој.

Прочитај повеќе
Редакција Novalac
Редакција Novalac,

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист
Статии за правилна исхрана на доенчиња