Почетна > Исхрана на новороденче > Тегоби кај доенчиња > Aлергија или неподнесување на лактоза?

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Како ќе знаете дали станува збор за алергија на кравјо млеко или за неподнесување на лактоза?


Иако имаат некои заеднички симптоми, алергијата на кравјо млеко и интолеранцијата на лактоза се две различни состојби и различно влијаат на организмот.

Кај алергија на кравјо млеко имунолошкиот систем премногу реагира на протеините во кравјото млеко. Алергиските симптоми може да се појават веднаш после хранењето, односно веднаш после контактот со храна или дури после неколку часа. Симптомите на алергија се манифестираат на своите системи на органи (гастроинтестинален систем, кожа, респираторен систем), но и како општа непријатност, често плачење и ненапредување со висина и тежина. Алергијата се јавува во првите месеци од животот. За лекување на алергија на кравјо млеко потребно е исклучување на млечните протеини од исхраната на новороденчиња.

Од друга страна, интолеранцијата на лактоза нема никаква поврзаност со имунолошкиот систем, туку со гастроинтестиналниот систем. Интолеранција на лактоза се јавува поради недостаток на лактаза во тенкото црево, ензим кој е задолжен за варење на млечниот шеќер (лактоза). Затоа интолеранцијата на млеко се нарекува и примарна интолеранција на лактоза. Се јавува и кај деца кои се на доење и кај деца кои се на адаптирано млеко. Симптоми на интолеранцијата на лактоза може да бидат надуеност, болка во стомак, пролив и најчесто се јавуваат од 30 минути до два часа после консумирање на намирници кои содржат лактоза. Кожата и респираторниот систем обично не се зафатени.

Постои и секундарна интолеранција на лактоза која предизвикува оштетување на цревата. Кај тешки проливи или алергии на протеини на кравјо млеко цревата може да бидат оштетени и како резултат на тоа епителните клетки не излачуваат доволна количина на ензимот лактаза.

Симтомите може да се решат со исклучување на храната која содржи лактоза, а кај доенчиња кои се на дохрана со користење на млечна формула со намалена количина на лактоза. Всушност, повеќето деца со интолеранција на лактоза можат да поднесат одредена количина на лактоза во храната.

Ако кај Вашето дете се присутни некои од наведените симптоми, советуваме да го посетите својот педијатар и да дознаете дали станува збор за алергија, интолеранција или симптомите се последица на нешто друго.

Што да очекувате од педијатарот?

Педијатарот на Вашето дете ќе ви постави многу прашања за симптомите, а Вашите одговори ќе помогнат во поставувањето на дијагноза. Затоа Ве советуваме да подготвите одговори на следниве прашања:

  • Со што ги поврзувате симптомите? Што ги »активира«?
  • Кога прв пат се појавија симптомите?
  • Со која брзина се развиваат?
  • Колку долго траат симптомите?
  • Колку често се јавуваат?
  • Дали симптомите се секогаш исти?
  • Дали Вие или Вашиот партнер како деца сте биле алергични и дали и сега имате некоја алергија?
  • Дали вашето дете има алергични брат или сестра?

Многу е важно да побарате совет од педијатар пред да го исклучите кравјото млеко од исхраната бидејќи тоа е богато со важни состојки за здрав раст и развој на детето. Педијатарот ќе Ви понуди алтернативно решение за тоа кое дете.

При утврдена алергија на протеини на кравјо млеко како храна од прв избор се препорачува онаа храна кај која протеините се поделени на помали делови (екстензивен хидролизат), на пр. Allernova, и како такви повеќе не предизвикуваат алергиски реакции.

Одлуката за тоа која млечна формула е најпогодна за Вашето дете препуштете му ја на неговиот педијатар.

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Правила за хранење на бебе со шише

Хранењето на бебето на почеток може да ви изгледа многу едноставно, но на оваа тема многу прашања ги мачат родителите: "Какво шише да одберам?", "Како да одберам цуцла?", "Како бебето ќе подригне?", ...

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња