Почетна > Интересно > Зошто повеќето бебиња имаат плави очи?

Зошто повеќето бебиња имаат плави очи?

Можеби очите на Вашето новородено бебе имаат преубава плава боја, но дали знаете дека таа може да се смени во кафена или зелена? Дознајте кога, и дали воопшто ќе се смени бојата на очите и како на тоа влијаат генетските фактори. 

Зошто бојата на очите кај бебиња се менува?

Новородените бебиња, посебно оние по природен пат, имаат светли очи. Причина за тоа е малата количина на меланин која ја содржи ирисот во нивното око. Меланин е пигмент кој ја одредува бојата на очите, кожата и косата. Реагира на сонце и светлина па така под влијание на сонце бојата на кожата се менува во потемна, а истото се случува и со ирисот на окото.

На тоа колку меланин или пигменти ќе имаме во телото влијаат генетските фактори. Вашето бебе ја наследува ДНК од Вас и со тоа е одредено дали бојата на очите ќе биде плава, кафеава, зелена или некоја друга.

Важно е да напоменеме дека промената на бојата на очите не ја предизвикува бојата на пигментот бидејќи не постои плав, зелен, кафеав или сив пигмент. Единствениот пигмент кој го имаме во очите е кафеав по боја, а дали ќе имаме светли или темни очи зависи од неговата количина.

Можеби изгледа како едноставна равенка тоа што кога двајцата родители имаат кафеави очи и нивното бебе ќе има кафеави очи. Ова е често, но не мора секогаш да биде така. Постојат повеќе гени во телото кои ја одредуваат бојата на очите, така да детето на родители со кафеави очи може да има и плави очи. Всушност, родителите во својот генетски код имаат гени и од своите родители, па ако Вашето дете има различна боја на очи од Вас и Вашиот партнер, причина за тоа може да бидат гените од баба и дедо.

Бидејќи сеуште не е целосно јасно како гените се спојуваат и која е нивната улога во бојата на очите, тешко е и да се предвиди која боја на очи ќе ја има детето на крај.

Кога се менува бојата на очите?

Најголема промена на бојата на очите може да очекувате помеѓу 6. и 9. месеци од животот на детето. До тој период ирисот го создал потребниот пигмент кој ќе ја одреди конечната боја на очите. Промената е толку постепена што и нема да ја приметите се додека еден ден Вашето бебе не Ве изненади со друга боја на очи.

Со наполнети година дена повеќето деца веќе имаат дефинирана боја на очи, а кај помал број на деца оваа промена трае и до шест години. Кај 10% од луѓето бојата на очите продолжува да се менува и во текот на животот.


Воспоставување на доењето

Мора да избира намирници кои, исто како млекото, не го оптеретуваат бебето туку му обезбедуваат оптимален раст и развој.

Прочитај повеќе
Редакција Novalac
Редакција Novalac,

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист
Статии за правилна исхрана на доенчиња