Почетна > Интересно > Фотографирање на новороденчиња

Фотографирање на новороденчиња

По раѓање на детето во нашиот живот влегува едно преубаво ново битие за кое светот се свртува наопаку. Кај првото дете се соочуваме со низа нови искуства и прашања, стекнуваме нови вештини па затоа често забораваме да ги документираме најубавите моменти. Среќа е што на почетокот новороденчето често спие па така фотографирањето е прилично едноставно. Најдобро е детето удобно да го наместите на што поедноставна подлога блиску до извор на индиректна светлина (покрај прозор или надвор, на отворено). Бидејќи тогаш бебето е мирно ќе имате идеална прилика да фотографирате од различни агли и потоа да одлучите која фотографија најмногу ви се допаѓа. На пример, фотографирајте од страна или застанете на повисоко место и фотографирајте од горе. Тоа истовремено е и добра вежба за подоцна, кога детето ќе почне да се движи и ќе морате да бидете брзи и ефикасни.



Како вашето дете расте, важно е при фотографирањето да ги вклучите важните личности во неговиот живот. И нас најмногу ни значат фотографиите од детството кои ја покажуваат таа цврста врска помеѓу членовите од семејството, лудориите кои сме ги правеле и околината во која сме пораснале. Убаво е да имате можност за фотографирање, затоа секогаш имајте при раце телефон или мал фотоапарат. И сетете се да направите фотографија на пример во моментот кога вашето дете е целото измачкано со кашичка од слива, пред да го однесете во када. Спонтаните фотографии се најубави!




Кога фотографирате, внимавајте на околината. Најлесно е кога позадината е неутрална, а поголем дел од содржината се разни предмети кои на детето или вас ви се драги и повеќе говорат за одреден период од животот на детето. Потрудете се секогаш да ги избегнете предметите или факторите кои не даваат некоја тема на фотографијата. Непотребно е да на фотографијата се појави автомобил кој во моментот поминувал или улични светилки... Едноставно може да ги избегнете само ако се поместите при фотографирањето.

Иако изборот на фотографија го спомнувам на крај, никако не смеете да го занемарите. Можеме да кажеме дека тоа е најтешкиот дел бидејќи мора да одлучите кои фотографии ќе ги зачувате, а кои ќе ги избришете. Треба да ги зачувате само најдобрите фотографии бидејќи кога ќе ви се соберат премногу фотографии понатаму, никогаш нема да ги прегледате. Најдобро е тоа да го направите веднаш по фотографирањето и избраните фотографии да ги зачувате на пример по тема и година кога сте ги направиле. Понекогаш е тешко да избришете фотографија од вашето дете бидејќи сте емотивно врзани за нив. Треба да се потсетите дека со тоа нема да ги избришете спомените, него ќе ги направите подостапни. Така избраните фотографии ставете ги во фото албум кој понатаму ќе може да го гледаат членовите на семејството кога ќе посакаат.

Последната работа на која би сакала да ве предупредам е појавата на "фамилијарен фотограф" кој секогаш се труди да ги фотографира сите спомени, а него за жал го нема на поголемиот број од фотографиите. Внимавајте да тоа не бидете вие иако ( сосема погрешно) за себе тврдите дека не сте фотогенични. Потрудете се да бидете дел од вашите фамилијарни секојдневни приказни и да не чекате само посебните прилики да бидат вредни за памтење.

Воспоставување на доењето

Мора да избира намирници кои, исто како млекото, не го оптеретуваат бебето туку му обезбедуваат оптимален раст и развој.

Прочитај повеќе
Редакција Novalac
Редакција Novalac,

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист
Статии за правилна исхрана на доенчиња