Почетна > Интересно > Воспитување на децата

Воспитување на децата

Пред да започнеме да разговараме за тоа каде и како да ги воспитуваме нашите деца мора прво да одговориме на прашањето што е воопшто целта на воспитувањето и што родителите сакаат да постигнат со тоа. Секој родител сигурно различно ќе ја дефинира целта на воспитувањето, но најверојатно мнозинството сакаат да воспитаат среќно дете кое подоцна ќе биде способно за самостоен живот.

Кога да започнете со воспитување на детето?

Односот помеѓу родителите и детето почнува да се формира веднаш после раѓањето на детето. Чувството на безбедност и љубов во семејството се основа на формирање на позитивна слика за себе кај детето (тоа е неопходен елемент за среќа кога ќе порасне). Воспитувањето почнува (доколку се водиме кон претходно поставената цел) веднаш после раѓањето на детето. Да бидеме попрецизни, воспитувањето во права смисла на зборот започнува по завршувањето на првата година. Во тој период прв пат се јавува потреба за поставување на ограничувања на детето, тоа всушност е периодот кога детето почнува само да се движи. Додека детето самостојно ја истражува околината, тоа прв пат се среќава со ограничувањата што му се наметнуваат од страна на родителите (на пр. кога детето посегнува по врел предмет, а родителот го спречува во тоа за да не се изгори). Според тоа, поголемите дечиња можат да разберат и почитуваат некоиограничувања додека пак доенчињата сеуште не можат.

Како да се прифати воспитувањето?

До неодамна се мислело дека ,,цврста рака’’ е најдобриот начин на воспитување и најверојатно има вистина во тоа дека детето е најлесно да се контролира со тоа што ќе му ја наметнеме својата моќ. Меѓутоа, општеството расте и се менува и насилството е непосакувано. Телесното казнување на децата е забрането и многумина возрасни се запрашуваат како и со што да ги воспитуваат децата. Како одговор на престрогото и насилно воспитување во минатото се развил попустлив начин на воспитување со кој му се давало целосна слобода на детето, а тоа подоцна се покажало исто така несоодветно како и преголемата строгост, односно на преголемото наметнување на моќ од страна на родителот. Во изобилието на различни пристапи на воспитувања кои нудат различни техники при работата со деца, родители и други возрасни личности кои работат со деца често се прашуваат кој е вистинскиот начин и кој метод да го одберат. Најдобриот одговор е дека не постои еден рецепт за добро воспитување, една метода, техника која би ги решила сите проблеми за секогаш. Бидејќи општеството непрекинато се менува (и целта на воспитувањето е детето да го израснеме во возрасна личност која ќе биде способна самостојно да живее), нормално е да се менува и начинот на воспитување. Покрај тоа децата меѓусебно се разликуваат според темпераментот од самото раѓање, а понатаму тие разлики се почесто се забележуваат поради разликите во околината во која расте. Меѓутоа, наспроти тоа возрасните како нивни водачи во воспитувањето можат да земат неколку ,,правила’’ кои произлегуваат од потребите на детето и неговиот развој.

Кога детето се раѓа, не знае ништо за општеството во кое е родено и во кое со време ќе мора самостојно да живее. Како да го научиме на тоа? Многумина од возрасните на тоа прашање одговараат со набројување: сопствениот пример, објаснување на барања, цели, правила, ограничувања кои вредат во ова општество, пофалба, награда, критика на однесување и казна. Ако во тие средства на комуникација ја вклучиме и околината (и физичка и социјална) во која детето се чувствува сакано, прифатено и целосно сигурно, во врска со воспитувањето најверојатно сме кажале сѐ.

Златните правила на воспитување

Не е возможно да се создаде рецепт за воспитување кој би служел на сите родители и би бил адекватен за сите деца. Сепак можеме да дојдеме до заклучок на некои ,,златни правила на воспитување’’ кои би им помогнале на родителите како насоки за градење на основа на сопствениот начин на воспитување. Покрај љубовта и чувството на безбедност кои му се неопходни на детето, вреди да се запомни и следното:

  • Пофалбата во воспитувањето мора да биде правило а не исклучок. Нејзината функција е повратна информација за прифатливото однесување на детето. Ја изговараме за да му дадеме до знаење на детето дека тоа што го прави во околината е прифатливо и дека истото може да го прави и во иднината. Посебно треба да се потенцира дека пофалбата му припаѓа на детето како личност (на пр. Ти си многу добро момче), а не само како пофалба на посакуваното однесување на детето. Тоа всушност му помага на детето да формира позитивна слика за себе.
  • Целите, побарувањата, ограничувањата кои му ги поставуваме на детето мора да се соодветни со неговите способности. Премногу ниските цели не се предизвик за детето и не водат кон исполнување на неговите потенцијали а превисоките цели предизвикуваат премногу негативни искуства и можат лошо да влијаат врз сликата за себе.
  • Кога детето не се однесува соодветно со правилата и договорите, потребна му е повратна информација во врска со тоа. Важно е критиката секогаш да се однесува на детското однесување, а никако на него како личност (никогаш: Ти си злобна девојка., туку: Тоа што го направи не е во ред.). Мора да содржи објаснување зашто однесувањето не е соодветно, кои се последиците од истото и кое однесување во таква ситуација е прифатливо, односно очекувано и само така детето ќе може да извлече поука.

Важно е да ја имате таа долгорочна цел на воспитување секогаш на ум, често ни се случува на нас родителите да сме во дилема што да направиме и како да реагираме на некое детско однесување. Тогаш често помага да се одалечите од моменталната ситуација и да се запрашате како моменталната реакција на родител ќе допринесе детето да порасне во среќна возрасна личност која ќе биде способна за самостоен живот. Всушност тој поглед кон иднината им овозможува на родителите увид во сегашната ситуација и соодветна реакција.

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња