Novalac 2 млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња постари од 6 месеци. Дел е од разновидната храна, но во првите 6 месеци не смее да се употребува како замена за мајчино млеко. Соодветна е како дополнителна храна ако доењето не е доволно, и како преодна храна по употребата на Novalac 1 почетна млечна формула за доенчиња.
Универзалната млечна формула Novalac 2 има сличен состав како мајчиното млеко. Ги содржи сите протеини, масти, јаглехидрати, аминокиселини, витамини и минерали кои се потребни за здрав раст и развој на доенчиња.
Европските насоки за исхрана на доенчиња после 6 тиот месец, покрај воведување на цврста храна препорачуваат да се продолжи со доење (односно со употребата на млечна формула ако мајката не дои). До 12 месеци не се препорачува кравјо млеко како самостоен оброк. За доенчињата од 6 месеци кравјото млеко содржи три пати повеќе сол. Тоа е како доенчето секој ден да пие 3 пати посолена млечна формула или мајчино млеко. Кравјо млеко како замена за доење или млечна формула, после 6 месеци може да предизвика оштетување на бубрезите и висок крвен притисок подоцна во животот.
Novalac 2 е дел од големата група на посебно прилагодени производи за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Вообичаено дозирење на млечната формула Novalac 2:
Возраст (месеци) |
6-12 |
Број на оброци на ден |
3* |
Број на дозерки за подготвување на еден оброк |
7 |
Количина на вода (мл) |
210 |
* како дел од разновидната исхрана
До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4,3 g Novalac 2. Една дозерка се раствора во 30 ml вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагоди според возраста и потребите на доенчето. Доколку лекарот не Ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата за дозирање.
- Секогаш подгответе свеж оброк.
- Чувајте на суво место, заштитено од светлина и топлина.
- Не го употребувајте после истекот на рокот на употреба втиснат на дното на лименката.
- После првото отворање на лименката содржината употребете ја во рок од 3 недели.
- После секоја употреба на лименката добро затворете ја.
- Не го чувајте неиспиениот оброк. Фрлете го остатокот.
Состав на млечна формула Novalac 2
Алергени
- Обезмастено млеко
- Соин лецитин
- Лактоза