За кого е наменета млечната формула Novalac 3 Junior?

  • Деца од 1. до 3. години
  • Погодна за вкусен вечерен оброк

Краток опис

Novalac 3 Junior млечната формула е наменета за деца на возраст од 1 до 3 години

Предности

  • Збогатена со витамини и минерали
  • Содржи калциум и витамин Д, кои се неопходни за нормален раст и развој на коските
  • Содржи железо кое придонесува за нормални когнитивни функции на детето
  • Јод кој обезбедува нормален раст на децата

Novalac 3 Junior млечната формула е наменета за деца на возраст од 1 до 3 години како последователна храна по употреба на Novalac 2 или било која друга преодна млечна формула.

 

Novalac 3 Junior ги задоволува сите нутритивни потреби за правилен раст и развој на децата на таа возраст. Novalac 3 Junior е дел од голема палета на производи кои се наменети за доенчиња и се со внимателно одбрани состојки и докажан квалитет.

Novalac 3 Junior обезбедува:

  • оптимална количина на витамини и минерали:
    • калциум
    • витамин Д за доволна апсорпција на калциум, потребен за развој на коските и за раст на детето
  • 25 пати поголема количина на железо во споредба со обично, делумно обезмастено кравјо млеко
  • оптимална содржина на протеини
  • оптимална содржина на есенцијални масни киселини за правилен развој на мозокот и очите (7 пати поголема количина во споредба со обичното кравјо млеко)
  • урамнотежен сооднос на брзо сварливи и споро сварливи јаглехидрати за добро варење
  • пријатен вкус на ванила, без додаток на шеќер и сахароза

Составот на млечните формули Novalac е во согласност со европските прописи за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), како и глутен.

Употреба:

Вашето дете би требало секој ден да испие барем 500 ml топло (< 37 °C) или ладно млеко Novalac 3 Junior, односно да го внесе во комбинација со житни кашички или некој друг оброк како дел од секојдневната исхрана.

Една лименка е доволна за подготовка на 12 оброци.

Подготовка:

  • во шише: на секои 30 ml вода додадете една мерна лажичка Novalac 3 Junior.
  • во чаша: во 210 ml вода додадете 7 мерни лажици Novalac 3 Junior.

Алергени

  • Лактоза
  • Делумно обезмастено млеко

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Хранење со шише – кога и колку?

После раѓање на детето мајките се често загрижени и се прашуваат дали нивното малечко добива доволно храна. Најдобар показател за тоа е добивањето на тежина. Ако доенчето се храни со шише, мерењето на количината испиено млеко е поедноставно за разлика од доењето.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac