Почетна > Вести > 2017 > Повлекување на производ Novalac

Повлекување на производ Novalac

Бидејќи на компанијата Медис д.о.о., Претстваништво Скопје квалитетот на производите и безбедноста на потрошувачите им се на прво место, како дистрибутер на производите Novalac Медис превентивно ја повлекува од пазарот млечната формула Novalac 1, 400 гр, серија 9903524, со рок на употреба до 24/09/2019, на производителот UP Medi-Europa SA. Причина за повлекување е евентуално присуство на несоодветна содржина на естер на масни киселини (3-MCPD, глицидил естер) кој е утврден во анализата.  

Естрите на масни киселини се формираат во производство на растителни масти и масла и се присутни во скоро сите термички обработени намирници кои содржат растителни масти, меѓу другите и во млечната храна за доенчиња. Прехрамбената индустрија, СЗО, ЕФСА и други институции кои се занимаваат со производство на храна и нејзина регулатива веќе со децении го проучуваат влијанието на овие супстанции врз здравјето на луѓето. Меѓутоа влијанието врз здравјето сеуште не е целосно дефинирано и јасно. Германскиот институт Bundesinstitut für Risikobewertung во 2016. година издаде препорака во која е истакнато дека и покрај фактот дека естрите на масните киселини во млечната храна за доенчиња се присутни со децении, до сега нема никакви докази дека доенчињата хранети со млечна храна поради тоа имаат било какви здравствени проблеми.

За да се избегнат било какви можни негативни последици врз здравјето, советуваме купувачите да не го употребуваат производот Novalac 1, 400 гр, серија 9903524, со рок на употреба 24/09/2019. 

За доенчињата кои ја добивале споменатата млечна формула не е потребен  лекарски преглед или било која друга обработка.

Купувачите можат да го вратат производот од наведената производна серија во аптека и ќе им бидат вратени паричните средства.

Дополнителни информации за купувачи: info@novalac.mk  00389 22603604, 00389 786 42 772