Почетна > Исхрана на новороденче

Исхрана на новороденче

Се што јадеме влијае на нашето здравје и тело. Храната е многу важна од зачетокот на детето па се до моментот кога ќе има две свеќи на неговата торта. Исхраната на вашето дете мора да ги обезбеди сите хранливи материи и енергија потребни за здрав раст и развој.

Гастроинтестиналниот и имунолошкиот систем кај доенчињата не се целосно развиени и затоа тие се осетливи на храната што ја јадат. Последиците може да бидат моментални ( пролив, повраќање, запек... ) или помалце видливи кои се манифестираат после неколку години (гојазност, срцеви болести...). Затоа здравата исхрана треба да се применува уште од детството како би допринеле за квалитетот на животот понатаму.

Важноста на храната во најраниот период од животот

Кај доенчињата храната е многу важна бидејќи може да го промени ризикот од развој на некои болести. Затоа индустријата за адаптирани млека постигнала голем развој од своите почетоци кога обезбедувала само преживување на недоените деца, до денес кога со млечна формула доенчињата достигнуваат еднаков раст и развој како и доените деца.

Иако денес млечните формули кои ги има на пазарот овозможуваат преживување на доенчето, не е во ред да се употребуваат сите подеднакво, бидејќи и мали промени во составот на млекото може да значат голема промена во здравјето покасно во животот. Затоа при избор на адаптирано млеко треба да се побара стручен совет. Пред купување консултирајте се со фармацевт, педијатар или со вашата патронажна сестра.

Oд раѓање до 6 месеци најважна храна во животот на вашето дете е млекото. После првата година од животот исхраната на детето е иста како и за другите членови од семејството.

Тегоби кај доенчиња

Проблеми со варењето кај доенчето може да се јават брзо после раѓањето и иако се минливи, сепак може да влијаат на расположението на детето и квалитетот на живот на целото семејство. Тие тегоби може да бидат причина за недостаток на сон, стрес и бројни грижи за здравјето на детето.