Почетна > Вести > 2022 > Разлики во густината на прашокот во млечните формули на Novalac

Разлики во густината на прашокот во млечните формули на Novalac

Квалитетот и безбедноста на храната се многу важни во исхраната на доенчињата. Млечните формули Novalac се одликуваат со високо ниво на безбедност во текот на целиот процес на подготовка. Како би се обезбедило непречено производство дури и во текот на пандемијата и предизвикувачките економски услови, за производство на млечните формули можат да се користат различни влезни состојки или производствени погони, што може да влијае на финалниот изглед на млечните формули, но со задржување на еднаквата количина и квалитет на млекото.

Густината на прашокот влијае на волуменот на прашокот во лименката

Мали промени во процесот на производство на млечните формули можат да влијаат на густината на прашокот. Поголема густина значи дека волуменот на прашокот е помал, но тежината и количината на прашок не се менува. Лименката и понатаму содржи декларирана количина на прашок, иако прашокот зазема помал волумен во лименката.

На густината на млекото во прав влијаат бројни параметри, како што се начинот на дехидрирање на млекото, користени состојки и начин на нивното вклучување во формулата, како и производствениот процес кој може да се разликува во однос на производниот погон.

Густина на прашокот и прилагодена големина на мерилка за оптимален оброк

Поради разлика во густина на прашокот на млечните формули, производителот во секоја лименка додава соодветна мерилка. Декларираната количина на млеко во прав за подготовка на млеко за доенчиња се обезбедува со адекватна мерилка со соодветен волумен. Поради тоа при подготовка на млекото, важно е да користите мерилка која сте ја добиле со лименката. Големината на мерилката се прилагодува со густината на прашокот и со тоа се овозможува соодветна подготовката на млекото.

Разликата во густината на прашокот, кај родителите може да остави впечаток дека во одредени лименки има помалку прашок, бидејќи прашокот е погуст за разлика од други лименки. Тие разлики не влијаат на тежината на производот, ниту пак на нутритивната вредност на млечната формула. Сите млечни формули на Novalac ја содржат количината на прашок наведена на декларацијата (400 гр или 800 гр), а адаптираната мерилка ја гарантира соодветната количина на прашок во согласност со упатството за подготовка на оброкот. Доколку оброкот е подготвен спрема упатството за подготовка, бебето ќе го добие сето она кое му е потребно за здрав раст и развој.

Novalac се одликува со строго контролирани производствени процеси, при кои производителот се придржува на принципите кои се дури и повисоки од утврдените прописи:

  • избор само на најдобри млекари,
  • контролирана исхрана на кравите од кои се добива млекото,
  • сточна храна без брашно од животинско потекло,
  • исклучиво употреба на свежо млеко
  • превенција од присуство на загадувачи (диоксини, пестициди, нитрати...)
  • млечната формула Novalac е усогласена со европски и меѓународни прописи за храна за посебни прехрамбени и здравствени намени и млечни формули за доенчиња.

Пред да излезе од производство, на млечната формула Novalac се спроведуваат повеќе од 700 контролни тестови. Физичка, хемиска и микробиолошка контрола на суровините, млекото, водата, опремата, постапката на преработка и готовите производи е строга и постојана во сите производствени погони. Сето ова го гарантира совршениот квалитет и безбедност во текот на целиот процес на подготовка.